Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖАРДИНЕРАТА ОКОЛУ ЈАВОРОТ НА ПЛОШТАДОТ

Вработените и механизацијатана фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци работата на целосна реконструкција на жардинерата околу јаворот пред седумкатницата во центарот на Кавадарци.

Општина Кавадарци со овој проект создаде попријатни условиза одмор на граѓаните кои традиционално секојдневно минуваат дел од времето во чаршијата.

Според проектот старат жардинера е целосно отстранета, а на нејзино место ќе биде изградена нова со дрвени клупи за седење.

Претходно работниците откопаа и искастриа дел од кореновиот систем на јаворовото стебло кој ги деформираше плочките од плоштадот.

По изградбата на новата жардинера просторот во неа ќе биде хортикултурно уреден, подлогата  со плочките на плоштадот санирана и израмнета и побезбедна за движење на пешаците.

ОПШТИНАТА ГО РАСЧИСТУВА ТЕРЕНОТ КАЈ СУДСКАТА ПАЛАТА

Во рамките на акцијата за почисто Кавадарци, денеска општината со градежна механизација го расчистуваше просторот на спојот помеѓу обиколницата „Северен булевар“ со делот од Булеварот „Никола Минчев“.

Се рабортеше на површина од  10 хектари, каде оперативата на ЈП „Комуналец“ со булдожер расчистуваше простор покрај обиколницата, а машините на фирмите „Ја-Ми“ и „ВС-ГД“ од Кавадарци кои се вклучиа во акцијата како донатори го расчистуваа просторот покрај Булеварот „Никола Минчев“.

Акцијата, со која овој запуштен и руиниран терен се расчисти од обраснати делови, шут и отпад има за цел деградираниот простор најпрвин да го култивира, а потоа општината соодветно да го урбанизира.

Користа од ова акција покрај жителите на овој дел од градот ќе ја почуствуваат сите граѓани на Кавадарци

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СПОМЕНИКОТ 12 ВАТАШКИ МЛАДИНЦИ

Општина Кавадарци спроведе акција за расчистување на околината на споменикот на 12 младинци кај Моклиште.

Во соработка со компанијата „Ја-Ми“ која донираше механизација, беа расчистени: пристапниот пат од спојот на регионалниот патен правец до споменикот, потоа обраснатиот простор на платото кај споменикот, како и пешачката патека која води од споменикот до одморалиштето кај воденицата.

Во акцијата, од обраснатите грмушки и наносите одземја беше расчистен и делот околу чешмата која се наоѓа на влезот.

Ова е само дел одактивностите што ќе ги превземе општина Кавадарци воделот на уредувањетона најзначајниот споменик од историјата на НОБ во Ваташа и Кавадарци.

СЕ ОБНОВУВА УЛИЦАТА „4 ЈУЛИ“

Според програмата за комунална изградба, општина Кавадарци преку фирмата „Инвест груп“ и ЈП„Комуналец“ започна со обновување на улицата „4 Јули“, каде Според проектот за реконструкција се работи на две позиции.

Јавното претпријатие „Комуналец“ најпрвин ќе изврши комплетна замена на старата и дотраена бетонска канализациа со профил фи150мм, со нова ребраста цевка чии профил изнесува фи 250мм.

Ќе бидат обновени вкупно 100 метри должни, со 12 пропратни приклучоци.

По завршувањето на реконструкцијата на канализација, ќе се пристапи кон целосна замена на стариот асвалт.

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ ќе постави нова асвалтна подлога на вкупна површина од 1200м2, со дебелина од 5 сантиметри.

Новиот асвалт ќе се постави на потегот од спојот на улица „4 Јули“ со улицата „Илинденска“ до спојот со улицата „Љубашка“.

За реновирање на асвалтната подлога општината ќе инвестира 859.000 денари, пари од сметката на буџетот наменети за комунална изградба.

 

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛ„ЛАЗО КАЛЕШКОВ“ – СПОРЕДНА

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ деновиве работеше на поставување на тампон на крак од улицата „Лазо Калешков“ веднаш под скалите на крајот од улицата „Охридска“.

Општина Кавадараци согласно програмата за комунална изградба овде ќе постави бекатон коцки на површина од 150м2.

Од оперативниот буџет за оваа намена ќе бидат потрошени 150.000 денари.