Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ ПАВЕР ЕЛЕМЕНТИ НА КРАК ОД ул„ОХРИДСКА“

Општината Кавадарциво рамките на комуналната изградба, реализира проектзапоставување на бекатон коцки на крак од улицата „Охридска“веднаш пред саклитанаспојот со улицата„Лазо Калешков“.

Се работи за површина од вкупно 70м2 на која фирмата „Павер трејд“ веќе го постави тампонот.

На оваа површина ќе бидат наредени бекатон коцки, а вкупната инвестицијаизнесува100.000 денари.

Парите се обезбедени од буџетото на општината од сметката за комунална изградба.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ м-р МИТКО ЈАНЧЕВ ВО ПОСЕТА НА ЈП „КОМУНАЛЕЦ“

Денеска градоначалникот Митко Јанчев на генералниот директор на ЈП „Комуналец“, Ѓорѓи Поп-Ицов му ја предаде донацијата од 45 специјализирани контејнери за селектирање и прибирање на цврст отпад.

Општина Кавадарци ја доби оваа донација од „ПАКО-МАК“ претпријатие за трговија и складирање со отпад, а градоначалникот Јанчев  денеска ја предаде во владение и управување на Јавното претпријатие.

Во изјава за донацијата градоначалникот Јанчев рече: „Општина Кавадарци заедно со ЈП Комуналец во соработка со ПАКО-МАК од Скопје, претпријатие за рециклирање на отпад доби донација од 45 контејнери за стакло, пластика, лименки и хартија. Специјализираните контејнери ќе бидат поставени по однапред поготвен план од Комуналец, одобрен од општина Кавадарци во градските средини со цел да можеме отпадот да го селектираме. Тоа значи дека треба го одвоиме стаклото од другите отпадни материјали, пластиката и хартијата. Јавното претпријатие ќе ги постави за недела до две овие контејнери на предвидените локации.

Оваа можност ја користам да упатам јавен повик до граѓаните кај што ќе ги има овие контејнери, соодветно да го селектираат и фрлаат отпадот за да можеме и од самото тоа да добиеме некои средства.

Пакомак еднаш неделно ќе пушта специјално возило кое што ќе ги празни овие контејнери и ќе го депонира отпадот на соодветна локација утврдена од општината и ЈП Комуналец. Подоцна може да набавиме преса за пресирање на отпадниот материјал и ќе го продаваме на компании за откуп на отпад. Така да бенефит ќе има и ЈП и граѓаните, а најмногу животната средината, бидејќи отпадот ќе се селектира а потоа и рециклира“ истакна Јанчев.

Благодарност за донацијата искажа директот на Комуналец Ѓорѓи Поп-Ицов кој истакна: „Ова значи голема корист за граѓаните на општина Кавадарци во делот на почиста животна средина. Првично празнењето ќе го врши Пакомак, а подоцна кога Комуналец ќе ја добие дозволата за трговија и за складирање на отпад ќе продолжиме со наше сопствено празнење“.

Градоначалникот Јанчев денешната посета во Комуналец ја искористии да ја промовира новата механизација во возниот партк на ЈП „Комуналец“ кој има набавено трактор и две нови приколки за потребите на водовод и канализација, така да јавното претпријатие се опремува со нова опрема за да може поефикасно да ги извршува услугите кон граѓаните.

 

ЗАПОЧНА КРПЕЊЕТО НА УДАРНИТЕ ДУПКИ

Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Урбан инвест“ започна со редовното крпење на ударните дупки.

Со оваа кампања ќе бидат санирани  оштетувања на улиците во Кавадарци на вкупна површина од 800м2.

Акцијата ќе биде спроведена на повеќе улици низ градот, со што ќе се „закрпат“ нај опасните оштетувања пред се на регионалните улици, каде има и најголем интензитет на сообраќај.

Општината за оваа намена ќе инвестира 720.000 денари од буџетот, а по санирањето на оштетувањата на асвалтот од градските улици кој настана во зимскиот период, општината создава минимум услови за побезбедно одвивање на сообраќајот.

ПОПЛОЧУВАЊЕ СО БЕКАТОН КОЦКИ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „12 ДРУГАРИ“

Фирмата „Инвест-груп“ од Неготино, деновиве работи на поставување бекатон коцки на дел од улицата „12 Другари“ во Ваташа.

Се работи за проект предвиден во програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци согласно кој треба да се поплочат 280м2 од ова улица, во должина од 70 метри и да сеспојат со улицата  „Методи ёџунов-Џико“ веднаш над фудбалското игралиште „Калница“.

Со овојзафат општината ќе обезбеди поурбанизиран пристап до домовите на жителите од оваа улица кои досега газеа кал и прашина за да стигнат до дома.

Општина Кавадарци заоваанамена ќе потроши 278.500денари, пари од буџетот, сметка за комунална изградба.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ИГМАН“

Согласно програмата за комунална изградба, општина Кавадарци преку оперативата на градежната фирма „Павер трејд“ деновиве ги изведува подготвителните работи на подлогата за поплочување на крак од улицата „Игман“.

Станува збор за реконструкциј 210м2 на дел од улицата чија асвалтна површина претходно беше видно оштетена.

Согласно проектот сега ќе бидат поставени павер елементи низ целата должина од 60 метри до спојот со улицата „Словенска“

За оваа  намена општината ќе потроши 200.000 денари од буџетот, од сметката за комунална изградба.