Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ФАРБАЊЕ НА ОГРАДАТА НА МОСТОТ „СЛОГА“

Фирмата „Метал Апостолов“ привршува со реконструкцијата на мостот „Слога“ кој ги спојува улиците „Димче Мирчев“ и „Слога“ кај „Брушанското маало“. Денеска се изведуваа работи на фарбање на оградата на мостот во бела боја.

Станува збор за проект на Општина Кавадарци со кој целосно се обнови старата ограда, како и пешачките патеки од двете страни на мостот. Овој зафат се реализира согласно програмата за комуналчна изградба 2017 година. За негова реализација ќе се потошат 700.000 денари од оперативниот буџет на општината.

Реконструкцијата на мостот по кој се одвива интензивен  автомобилски и пешачки сообраќај многу ќе придонесе за побезбедно движење на пешаците, а ќе го подобри визуелниот впечаток за овој мост.

ПРОЛЕТНО КАСТРЕЊЕ НА ДЕЛ ОД ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

Организационата единица „Паркови и зеленило“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци деновиве изведува активности на редовно пролетно кастрење надрворедите.

Овој пат се работи на дел од стариот дрворед на улицата „Тиквешко востание“ каде вработените од „Комуналец“ извршија кастрење на оштетените и стари гранки од дрвата. Беа отстранети и наведнатите гранки над улицат кои пречеа при нормалното одвивање на сообраќајот на автобусите и камионите.

Оваа акцијаима за цел да ги „подмлади“ дрватаи да го подобри естетскиот изглед на дрворедот.

ПРЕРЕДУВАЊЕ НА ПЛОЧКИ НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛ „СТРАШО ПИНЏУР“

Општината продолжува со реализација на проектот од комуналната изградба кој се однесува на санација на тротоарот од улицата „Страшо Пинџур“.

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ деновиве  работи на прередување на плочките на делот од тротоарот помеѓу првиот триаголник и спојот со улицата „Ило Костов“.

Притоа оштетените плочки се отстрануваат, а здравите се вградуваат во санираниот тортоар. На местото на оштетените плочки се поставуваат сочувани исти такви кои беа извадени при неодамнешните активност од  реконструкцијата на тротоарот кај спојот на улиците „Тиквешко востание“ и ул. „Миле В‘чков“, каде беа поставени бекатон коцки.

НОВ КРУЖЕН ТЕК КАЈ МОСТОТ НА УЛИЦАТА „БЛАЖО АЛЕКСОВ“

Општина Кавадарци стартуваше со реализација напроектот „нов кружен тек“ на улицата „Блажо Алексов“ на спојот соБулевар „Видое Смилевски“.

Фирмата „Градба промет“ со својата оператива деновиве работи на подготовка на теренот каде требе да се изгради побезбедно сообраќајно решениеза овие фрекфентни улици во кои се приклучува значаендел од патниот сообраќајво градот, поточно влезот одправец на Неготино.

На сегашната раскрсница кај мостот „Белка“ ќе се формира кружен тек со рабници. Проектот предвидува на овој потег вадење на стариот асвалт, спроведување подземна инсталација на сите надземни кабли, а потоа  два слоја на нов асвалт.

Со ова сновосообраќајно решение ќе се создададт услови за оптимална безбедност на возилата и пешаците воовој дел од градот.

ИВИЧНИЦИ И ТАМПОН НА ул „ДИСАНСКА“ -СПОРЕДНА

Продолжија работите на изградбата на крак од улицата „Дисанска“ над градскиот стадион. Оперативата на неготинската фирма „Инвест груп“ денеска и вчера работеше на тампонирање, како и на поставување на ивичници низ целата должина на улицата. Со ова практично се оформи подлогата на која деновиве ќе следи поставувањето на бекатон коцките на 110 метри должина и вкупна површина од 550м2. Со овој зафат општината ќе им овозможи урбанизиран пристап на жителите од повеќето куќи од овој дел на населбата „Парк“.