Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „СТРАШО ПИНЏУР“

Продолжуваат работите на реконструкцијата на тротоарот од улицата „Страшо Пинџур“.

                Градежната оператива на фирма „Урбан инвест“ од Кавадарци деновиве врши вадење на старите и поставување на нови ивичници на делницата од тротоарот кај „Ваташките згради“ во должина од 120 метри.

                Со ова се подготвува теренот за поставување на павер елемнти како дел од проектот на општината за реконструкција на постојниот руиниран тротоар.

               Во последната фаза ќе следи поставување на метални столбчиња кои ќе постават граница меѓу коловозната лента и тротоарот, а ќе го спречати непрописното паркирање, како заштита за непречено одвивање на сообраќајот на возилата и пешаците.

ЗАВРШНИ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ од Неготино ги реализира завршните работи од изградбата на тротоарот од десната страна на улицата „Рајко Жинзифов“.

Се работи на последните 30 должни метри каде денеска се поставуваа ивичниците и се подготвуваше теренот за наредната фаза поплочување.

Согласно проектото на тој дел кој сенаожа веднаш под детскиот забавен парк ќе се поставата бекатон коцки на површина од 60м2. Тротоарот на овој дел ќе биде широк 2 метри.

Со овој зафат општина Кавадарци ќе овозможи побезбедно движење на пешаците, како и поубав  и урбанизиран изглед на овој дел од градот.

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ КАЈ ЗГРАДИТЕ „СИЛЕКС“

Оперативата на ЈП„Комуналец“ ги продолжи работите на хортикултурното уредување на просторот за зеленило кај зградите „Силекс“.

На површина од околу 6 000м2 пред и зад зградите се превзедоа низа операции за подготовкана земјиштето.б

Најпрвиннаеден сектор пред зградитеб еше изввршено нивелирање на теренот при што се исфрлиа одредени количинина земја. Потоа се направи копање и фризирање на на целата површина, на која според проектото ќе бидат посеани 100 килограми семе од квалитетна трева.

Комуналци на делот пред зградите поставиа и водоводна мрежа со петхидранти.

Инакупаралелно со земјените работи беше извршено слектирање на старите дрвја како и ресорекција на останатите.

Работите на овој делтреба да завршат утре. Со овојзафат општината ќе изврши хортикултурно уредување на просторот кој треба да добие нов лик и да бидеукрасна овојделод градот.

ОЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗАД ЗГРАДИТЕ „ЛЕПОТИЦИ“

На површина од над 10.000м2 вработените во работната единица „Паркови и зеленило“ на ЈП „Комуналец“ од Кавадарци деновиве интензивно работат на озеленување на јавните површини.

Со неколку паралелно спроведени операции се подготвува теренот за озеленување сосадење на трева, како и на нисјко стеблести грмушкизимзелени дрва.

Покрак копањетои фризирањето на земјата, како и селектирањето на постојните дрва, вработените во „Комуналец“ на источниот дел од просторот извршија порамнување на тернот со насипување на одредени количини плодна земја.

 Соова се овозможи нивелирање на парцелата на која ќе сепосее трева,а ќе се засадат инискостеблести дрва.

Општината со овој зафат ќе го култивира простороткаде веќа изградидетско игралиште, постави над 30фотоволтаични ЛЕД светилки, изгради детски забавен парк, пешачки патек како и летниковец, каде жителите од околните згради ќе имаат пријатно место за одмор и рекреација.

ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

новиве завршија работите на поставувањето павер елементи на дел од тротар ма улицата „Рајко Жинзифов“.

Станува збор за делница со површина од 340м2 на потегот од спојот со улицата „Шишка“ до спојот со ил „25 Мај“. На овој дел во должина од 150 метри оперативата на фирмата „Инвест груп“ од Неготино постави бекатон коцки, а тротоарот за побезбедно движење на пешаците беше ограден и со метални столбчиња во бела боја со црвен флуоресцентен дел на врвот.

Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 425.000 денари, парите се обезбедени од оперативниот буџет програма за комунална изградба.