Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ПРИВРШУВААТ РАБОТИТЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

Градежната фирма „Урбан инвест“од Кавадарци деновиве интензивно работи на  реконструкција и санација на тротоарите од улицата „Страшо Пинџур“.

Станува зборза градежни работи финансирани од програмата за комунална изградба на Општина Кавадрци со кои на потргот од „Вториот триаголник“ до зградите „Силекс“ целосно се санираат оштетувањата на стариот тротоар.

Паралелно со тоа се поставуваат и бели метални столбчињана од двете страни од улицата чија цел е да обезбедат побезбедно движење на пешаците по оваа фрекфентна улица, а пред се да го запрат и непрописното паркрање на возила и механизација на тротоарите.

Сега пешачкиот сообраќај на оваа делница од Кавадарци кон Ваташа се одвива многу побезбедно.

ПОДЛОГА ЗА ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ од Кавадарци работи на  изготвување подлога на дел од тротоарот на улицата „Ѓоре Брушански“ каде согласно програмата за комунална изградба на општина Кавадарци треба да се  постават бекатон коцки.

Станува збор за зафат  на површина од 370м2, за што општината ќе инвестира 450.000 денари пари од сметката за комунална изградба.

СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА ПОПЛОЧУВАЊЕ НА СПОРЕДНА УЛИЦА НА „ДИСАНСКА“

Во рамките на комуналната изградба во месец март, општина Кавадарци согласно програмата деновиве се работи на извршување на земјани работи на спореден крак на улицата „Дисанска“.

Станува збор подготовка на подлогата на крак од оваа улица веднаш над „Градскиот фудбалски стадион“. Се работи за должина од нешто повеќе од 100 метри. На тој простор  оперативата на градежната фирма „Инвест груп“  од Неготино за потребите на општина Кавадарци ќе постави бекатон коцки.

Проектот е согласно  активностите за комунална изградба.

ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ ХОРТИКУЛТУРНО ЌЕ ГО УРЕДИ ПРОСТОРОТ ЗАД ЗГРАДИТЕ „ЛЕПОТИЦИ“

Општина Кавадарци преку Јавното претпријатие „Комуналец“ деновиве  врши подготовка на счободните површиниво просторот зад  зградите „Лепотици“.

На овој терен се предвидувацелосно чортикултурно уредување со тревнати површини и садење на украсни дрва и грмушки.

Сотоа ќе се заокружи уредувањетона овој простор, одкадеопштината претходно ги отстрани металните гаражи, потоаизгради спортски терен, детски забавен парк, летниковец и патеки со павер елементи. Овој простор  беше осветлени и со ЛЕД светилки на напојување преку  фото  волтаици.

Со хортикулрурното уредување ќе биде заокружена инвестицијата за разубавување на овој дел од новиот центарна Кавадарци.

ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

Денеска започнаа работите на подготовка на подлогата за поставување на тротар на дел од улицата„Рајко Жинзифов“.

Станува збор за делница со површина од 340м2 на потегот од спојот со улицата „Шишка“ до спојот со ил „25 Мај“. На овојдел во должина од 15о метри оперативата на фирмата „Инвест груп“ од Неготиноќе постави бекатон коцки.

Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 425.000 денари, парите се обезбедени од оперативниот буџет програма за комунална изградба.