Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ПОСТАВЕНИ СВЕТЛЕЧКИТЕ УРЕДИ НА СЕМАФОРОТ НА РАСКРСНИЦАТА КАЈ БУЛЕВАРИТЕ „НИКОЛА МИНЧЕВ“ И „МАКЕДОНИЈА“

Општина Кавадарци го привршува проектот за ново сеамфорско регулирање на сообраќајот..

Станува збор за подобрување на безбедноста на сообраќајот на раскрсницата  меѓу булеварот „Никола Минчев“ со булевар „Македонија“. Изведувач на работите е специјализираната фирма „Електро Софт инженеринг“ ДОО од Скопје. Нејзина екипа денеска работеше на поставувањето на столбовите и светлечките уреди. Согласно проектот  беа поставени вкупно 10 столбови од кои 6 за возачи, 12 за пешаци и 4  одбројувачи на време.

Вкупната инвестиција чини  1.500.000 денари со ДДВ.

Ова  ќе биде шестата раскрсница во Кавадрци  каде сообраќајот ќе се регулира со семафор.

Општината очекува со оварешение во голема мерка да се обезбеди побезбедно регулирање и одвивање на сообраќајот низ градските улици.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МОСТОТ „СЛОГА“

Фирмата „Метал Апостолов“ интензивно работи на проектот реконструкција на ограда и пешачки патеки на мостот „Слога“ кој ги спојува улиците „Димче Мирчев“ и „Слога“.

Станува збор за проект на Општина Кавадарци со кој целосно ќе се обнови старата ограда, како и пешачките патеки од двете страни на мостот. Овој зафат се реализира согласно програмата за комуналчна изградба 2017 година. За негова реализација ќе се потошат 700.000 денари од оперативниот буџет на општината.

Реконструкцијата на мостот по кој се одвива интензивен  автомобилски и пешачки сообраќај освен што ќе го подобри визуелниот впечаток за овој мост, пред се, многу ќе придонесе за побезбедно движење на пешаците.

ПОСТАВЕН ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА УЛИЦА „ШИШКА’

Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци го реализираше проектот  „Пешачки мост на улицата „Шишка“.

Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.

Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.

На источната стран ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно  со скалите кај основниот суд.

Конструкцијата е висока 4 метри и 80 сантиметри, долг е  21 метар, а широчината му изнесува 1,50 метри.

Со овој проек општината реализира едно долгогодишно барање на  жителите. За неговата изградба се наменети 700.000 денари.

ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „КИРО КРСТЕВ“

Започнаа работите на поставување на тротоар на улицата „Киро Крстев“. Работите ги изведува кавадаречката фирма „Урбан Инвест“.

За оваа намена општината инвестира вкупно 350.000 денари, пари од буџетот,согласно програмата за комунална изградба. Се работи на потегот одтротоарот наделот помеѓу улиците „Браќа Миладинови“ улица „Елпида Караманди“.На површина од 330м2 ќе бидат поставени бекатон коцки.

Со овој зафат општината ќе овозможи побезбедно движење на пешаците.

ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Согласно програмата за комунална изградба од 2017 година Општина Кавадарци преку Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ ги изведува работите на проектот тротоар на улицата „Методи Џунов-Џико“

 Согласно овој проект ќе се постават павер елементи-бекатон коцки на површина од 130м2  на тротоарот од улицата на потегот од салата „Партизан“ до спојот со улицата „Браќа Миладинови“. Во оваа фаза се работи на тротоарот до оградата на Здравствен дом-Кавадарци.

Општината од оперативниот буџет за оваа намена издвои 140.000 денaри.

Ова комунално решение ќе овозможи поголема безбедност на пешаците коисе движат на овој правец, каде има се поголема фрекфенција на моторни возила.