Општината Кавадарци преку ангажираната оператива гради тротоар на ул. „Беласица“ на потегот помеѓу улиците: „Преспа“ и „Народни Херои“, под старите „Ваташки“ згради.
Подготвителните работи на расчистување на теренот започнаа деновиве, после што ќе следи порамнување и тампонирање.
На површина од 565 метри квадратни на двете страни од коловозот ќе бидат поставени бехатон плочи. Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.
Проектот е дел од поголемата јавна набавка со која се реализираат поплочувања во Урбаната заедница „Слога“ каде ќе следи поплочување на улиците „Преспа“ „Авала“, додека претходно како дел од овој проект се изврши поплочување на улицата„Браќа Џунови“.