Категорија: Сообраќај

Реконструкција на вертикалната патна сигнализација

Реконструкција на вертикалната патна сигнализација

Реализацијата на сообраќајниот проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација продолжува според утврдената динамика.
Денеска се спроведе монтажата на Полу порталните столбови-носачи на лантерните на раскрсницата на улицата „Илинденска“ со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Проектот предвидува овде да се постават три носачи и тоа два на улицата „Илинденска“ и еден на ул.„Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
Претходно оперативата на изведувачот „Конструктор“ од Кочани, ги постави 4-те мали столбови за пешачките семафори. Во првата фаза беше извршена целосна реконструкција на подземната елекрична инсталација.
Полупортални столбови ќе бидат поставени и на преостаните две раскрсници предвидени за реконструкција на семафорите и тоа три кај „Старата автобуска“ и 2 столба на бул. „Моша Пијаде“ на раскрсницата кај ООУ „Гоце Делчев“.
Ова е прв сеопфатен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век.

Loading
ЗАПОЧНА АСВАЛТИРАЊЕТО НА НОВИТЕ ЗАБАВУВАЧИ НА СООБРАЌАЈОТ

ЗАПОЧНА АСВАЛТИРАЊЕТО НА НОВИТЕ ЗАБАВУВАЧИ НА СООБРАЌАЈОТ

 

Ангажираната оператива започна со асвалтирање на првата од вкупно 12-те пречки за забавување на сообраќајот кои се наоѓаат на 8 локации на градските улици.

Легнатите пречки се поставуваат на улиците пред основните училишта: „Димката Ангелов-Габерот“ во с.Ваташа, „Тошо Велков-Пепето“, „Гоце Делчев“, и „Страшо Пинџур“. Во Ваташа ќе има и пречка на главната улица пред мостот за градинката, а средства за забавување на сообраќајот ќе има и пред општинските средни училишта „Ѓорче Петров“ и „Киро Спанџов-Брко“.

Се работи за подигање на испакнати асвалтни пречки за забавување на сообраќајот со стандардна должина од 6 метри и широчина од 4 метри, на местата на пешачките премини. Тие ќе бидаат соодветно одбележани со хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Пред сите 12 забавувачи се поставуваат и соодветни сообраќајни знаци како дел од вертикалната патна сигнализација. Че се оистават 80 нови столбови на кои ќе бидат прикачени нови 140 сообраќајни знаци за известување.

Изведувач на работите е специјализираната фирма „Бојта инг“ од Скопје.

Loading
ЛЕГНАТИ ПРЕЧКИ ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

ЛЕГНАТИ ПРЕЧКИ ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

Општината Кавадарци  започна со реализација на нов сообраќаен проект. Ангажираната оператива треба во наредните денови да изработи 12 пречки на 8 локации на градските улици.

Се работи за подигање на испакнати асвалтни пречки за забавување на сообраќајот, популарно наречени „легнати полицајци“. Согласно проектот тие че бидат со стандарцна должина од 6 метри и широчина од 4 метри.

Новите испакнатини ќе се постават на улиците близу образовните институции. Истите ќе бидаат соодветно одбележани со вертикална и хоризонтална сообтаќајкна сигнализација.

Легнатите пречки ќе се постават на улиците пред основните училишта: „Димката Ангелов-Габерот“ во с.Ваташа, „Тошо Велков-Пепето“, „Гоце Делчев“, и „Страшо Пинџур“. Во Ваташа ќе има и пречка на главната улица пред мостот за градинката, а средства за забавување на сообраќајот ќе има и пред општинските средни училишта „Ѓорче Петров“ и „Киро Спанџов-Брко“.

Изведувач на работите е специјализираната фирма „Бојта инг“ од Скопје.

 

 

Loading
ПРИСТИГНА „ПАЈАКОТ“-ВОЗИЛОТО ВО ФУНКЦИЈА НА РЕШАВАЊЕ НА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ

ПРИСТИГНА „ПАЈАКОТ“-ВОЗИЛОТО ВО ФУНКЦИЈА НА РЕШАВАЊЕ НА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ

Во Кавадарци пристигна специјализираното возило „Пајак“ кое ќе биде во сопственост на новоформираното Јавно претпријатие за паркинзи при Општина Кавадарци.

Со ова се оформува проектот за Зонско паркирање што опфаќа регулација на паркирањето во градот. Според проектот кој официјално ќе биде промовиран деновиве граѓаните ќе мораат да ги почитуваат прописите и правилата за паркирање на главните улици во Кавадрци.

Официјалната промоција на проектот „Зонско паркирање“ и Пајак служба  ќе се случи деновиве.

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕМАФОРИТЕ  НА ТРИ РАСКРСНИЦИ

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕМАФОРИТЕ НА ТРИ РАСКРСНИЦИ

 

Општина Кавадарци започна со реализација на сообраќаен проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација. Предвидено е комплетно да се реконструраат семафорите на три значајни раскрсници од кои две во центарот кај Домот на Културата и кај старат автобуска, како и семафорската постројка кај училиштето „Гоце Делчев“.

Според проектот целосно ќе биде заменете подземната инфраструктура за електричното напојување, а комплетно нови ќе бидат столбовите како и светлечките уреди возачки и пешачки латерни со одбројувачи на време во ЛЕД технологија.

Ова е прв посериозен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век, кога Кавадарци за прв пат доби светлосна регулација со семафори на сообраќајот низ градските улици.