Категорија: Улици и тротоари

ПОДГОТОВКА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД  УЛИЦАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВИ“

ПОДГОТОВКА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВИ“

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на реализација на комуналниот проект за обновување на асФалтната подлога на дел од улицата „Браќа Миладинови“.

Денеска се изведуваа звршните работи од подготовката пред поставување на новиот асфалт. Претходно беше извршено гребење на стариот и оштетен асфалт.

Со овој проект општината ќе обнови коловозна површина од 1.250м2, на делницата од спојот со улицата „Киро Крстев“ до спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“.

Градежни работи на пешачка патека во с.Ваташа.

Градежни работи на пешачка патека во с.Ваташа.

Градежната механизација е присутна на повеќе локации во општина Кавадарци. Се работи на пешачката патека во селото Ваташа, а во селото Возарци се санираат полски патишта.

ПРОБИВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“  ПОД ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

ПРОБИВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ ПОД ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

 

 

Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ работи на поставување на целосно нова линија од градската водоводна и канализациона мрежа на локацијата од улицата „Западен булевар“ под градските гробишта.

На овој простор Општина Кавадарци го реализира проектот за пробивање на нова траса од улицата во правец север-југ.

Овој капитален комунален проект има за цел да го продолжи „Западен булевар“ во правец на Ваташа, и кон стопанските капацитети во подкожувјето.

ДИСЛОКАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРДАСКАТА  БИБЛИОТЕКА „ФЕТКИН“

ДИСЛОКАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРДАСКАТА  БИБЛИОТЕКА „ФЕТКИН“

 

 

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за реконструкција и адаптација на влезот во градската библиотека „Феткин“.

Согласно проектот ќе се изврши дислокација на влезот со што постоечкиот од источната страна се затвара, а се отвара нов влез од северната страна. Тоа значи дека главниот влез во библиотеката и останатите институции во зградата ќе биде од поранешната „кино бавча“. Новата влезна врата е димензионирана да одговара на потребите на овој објект.

Паралелно со дислокацијата на главниот влез се врши замена и на старите прозорци кои гравитираат на скалишното јадро, каде се поставени нови ПВЦ прозорци со термапан стакло.

Со овој зафат за отстранување на пристапните скали, општината ќе обезбеди проширување на патеката низ „тунелчето“, а со тоа и до поголема фрекфенција, како и побезбеден влез во градскиот зелен пазар.

НОВ ПАРКИНГ ПРОСТОР НА БУЛЕВАРОТ  „НИКОЛА МИНЧЕВ“

НОВ ПАРКИНГ ПРОСТОР НА БУЛЕВАРОТ  „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Општина Кавадарци во рамките на комуналната изградба по пат на донација од општествено одговорни фирми: „Кожувчанка“, „Градба промет“, „ЈА-МИ“ и „АС Машини“, изгради нов паркинг простор покрај булеварот „Никола Минчев“.

Со поставувањето на хоризонталната и вертикална патна сигнализација се заокружи изградбата на паркингот кој се протега на површина од 950 метри квадратни. Претходно на локацијата беа поставени бехатон коцки, се изврши расчистување, ископ на земја, порамнување и тампонирање како подготовка за поплочувањето.

Со изградбата на овој паркинг општината го зголеми бројот за дополнители 60 нови паркинг местата во градот. Паркингот кој се наоѓа во зелената зона ќе биде во функција на граѓаните од тој дел на Кавадарци, како и за потребите на новиот зелен пазар кој се наоѓа во непосредна близина.

Со овој проект општинта урбанизираше простор кој со години беше запуштен. Од таа површина се отстранија непрописно поставените лимени гаражи, се расчисти шутот и се исчисти од обраснати грмушки и трева.