ЗАВРШНО ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ ВО ВАТАША
Оперативата на фирмата „АС-Машини“ ја спроведува завршната фаза на проектот на Општина Кавадарци на дел од улицата „Перо Видев“ во село Ваташа.
На потегот од кејот на реката Луда Мара до старата селска чешма се оформуваат тротоари, по што ќе се поставуваат павер елементи.
Претходно Општината преку ЈП „Комуналец“ долж целата траса на улицата изврши замена на старата со нова водоводна линија, по што следуваше нејзино цело поплочување.
СО АСФАЛТИРАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“ ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ МСИП
Ангажираната оператив во реализацијата на проектот МСИП за реконструкција на главните улици во Кавадарци продолжи со завршното асфалтирање на булеварот „Никола Минчев“.
Денеска се асфалтираше последната делница од спојот со булеварот „Македонија“ до спојот со булеварот „Моша Пијаде“ кај кружниот тек „автобуска станица“.
На оваа улица се реконструираше вкупна површина од 10.000 квадратни метри на целата должина од Обиколницата до кружниот тек кај автобуската станица.
Со асфалтирањето на булеварот „Никола Минчев“ Општината заврши со реализацијата на капиталниот проект за реконструкција на главните улици во Кавадарци со кој беа опфатени и сообраќајниците: „Северен булевар“, булевар „Моша Пијаде“ и булевар „Цветан Димов“ како и улисите: ул. „7 Септември“, ул. „Мито Хаџи-Василев“, ул. „Пано Мударов“, ул. „Тиквешко востание“, ул. „Цано Поп-Ристов“ и улицата „Страшо Пинџур“.
Финсниските средства за овој капитален проект се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.
УРБАНИЗИРАЊЕ НА АВТОБУСКА ПОСТОЈКА ВО МАРЕНА
Оперативата на фрмата „Патио Монт“ од Кавадарци деновиве во селото Мрена спроведе уредување на простор со бехатон плочки на вкупна површина од 130 квадратни метри. Проектот се однесува на урбанизирање на плато пред автобуската постојка во селото веднаш до сопосткиот мост на реката Луда Мара.
Општината овој проект го реализира на барање на жителите од тој дел на Марена.
Со овие зафат општината привршува со реализацијата Програмата за комунална изградба 2019 година, во селото Марена.
АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛНИЦА ОД БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“
Општината Кавадарци продолжува со реализација на проекти со кои се подобрува коловозот на градските улици.
Денеска ангажираната оператив започна со поставување на порамнителен слој асфалт како подготовка за завршното асфалтирање на булеварот „Никола Минчев“.
Денеска се порамнуваше потегот од спојот со обиколницата „Северен билевар“ до спојот со булеварот „Цветан Димов“ кај новиот кружен тек до зградата на Граничната полиција. Во наредните денови ќе се изврши порамнување на целата должина од Обиколницата до кружниот тек кај автобуската станица.
Општината на оваа улица ќе реконструира површина од 10.000 квадратни метри. Реконструкцијата на улицата е во склоп на проектот МСИП што општината го реализира преку ЕУ и Светска банка.