Категорија: Улици и тротоари

РЕВИТАЛИЗИРАНА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

РЕВИТАЛИЗИРАНА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива завршува со асфалтирање на уште една улица од проектот МСИП, поддржан од Светска банка и ЕУ, кој се однесува на реконструкција на главните улици во градот.
Денеска завршува ревитализацијата на асфалтот на коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“. Обновен е стариот и дотраен асфалт на делницата од спојот со ул. „Ресавска“ кај „вториот триаголник“ па до ваташката пошта.
Со овој зафат општината ревитализира улица од регионален карактер која е главна сообраќајна артерија на Кавадарци во правец север-југ. Преку неа се одвива и целокупниот сообраќај кон селата од подкожувјето каде има значајни стопански капацитети.

АСФАЛТИРАНО ПРОШИРУВАЊЕТО НА УЛИЦАТА„СТРАШО ПИНЏУР“- СПОРЕДНА

АСФАЛТИРАНО ПРОШИРУВАЊЕТО НА УЛИЦАТА„СТРАШО ПИНЏУР“- СПОРЕДНА

Општината Кавадарци во рамките на комуналната изградба отстрани уште едно „тесно грло“ од уличната мрежа. Оперативата на ангажираната фирма го реализираше проектот за проширување на крак од ул.„Страшо Пинџур“, кај „Кавадаречи дол“.
После проширувањето коловозната лента 2,8 метри се зголеми на 5 метри коловоз, со тротоар. Проширувањето е во должина од 100 метри, на делницата од спојот со главната траса на „Страшо Пинџур“ до спој со улицата „Ѓоре Брушански“.
Општината овој проект го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА  НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

Продолжува изградбата на новиот мост на реката Луда Мара на излезот од Ваташа. Ангажираната оператива на струмичката фирма „Жикол“ деновиве заврши со оформувањето на споредниот пристап од улиците „Ферчо Поп-Ѓорѓиев“ и „Илчо Димов“, на новиот мост од регионална улица „Страшо Пинџур“, со што се оформи ново сообраќајно решение за присташ на околните куќи.
Во истовреме се одвиваат и градежни работи на поставување на рабници на коловозот на потегот од новиот мост до спојот со ул.„Вано Гурев“ во правец на центарот на Ваташа. На самиот мост денеска се монтираа завршните банкини на десната страна од оградата.
Овој мост е од исклучителна важност, бидејќи се наоѓа на регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб, по кој се одвива интензивен патнички и товарен сообраќај.

ОБНОВЕН АСФАЛТОТ НА ОБИКОЛНИЦАТА  „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

ОБНОВЕН АСФАЛТОТ НА ОБИКОЛНИЦАТА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Обновувањето на  асфалтот на обикоплницата „Северен булевар“ е во завршна фаза. Градежната механизација на ангажираната оператива ги поставува завршните метри од новиот асфалт на оваа прометна регионална улица.

Овој зафат е на барање на општината, а се однесува на отстранување на пропустите и оштетувањата на сфалтот кои настанаа во текот на употребата.

Новото асфалтирање е на товар на изведувачот

ПОРАДИ ОШТЕТУВАЊЕ СЕ ГРЕБЕ НОВИОТ АСФАЛТ НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

ПОРАДИ ОШТЕТУВАЊЕ СЕ ГРЕБЕ НОВИОТ АСФАЛТ НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Поради оштетување на новиот асфалт на ул„Северен булевар“, Општина Кавадарци превзеде соодветни мерки за негово санирање. Денес ангажираната оператива започна со гребење на оштетениот асфалт од целокупната површина на улицата. Трошоците за санирање на пропустот се на товар на изведувачот.
Реконструкцијата на обиколницата „Северен булевар“ беше завршена во јуни годинава.