Категорија: Улици и тротоари

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА  „ДАСКАЛ КАМЧЕ“ ВО ВАТАША

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ДАСКАЛ КАМЧЕ“ ВО ВАТАША

Општината Кавадарци продолжува со комуналната изградба. Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци денеска ги вадеше старите гранитни коцки од улицата „Даскал Камче“ во Ваташа.

Според проектот на нивно место ќе бидат поставени бехатон плочки на вкупна површина од 270 метри квадратни.

Ова е првата од неколкуте улици во селото Ваташа кои во наредниот период ќе бидат реконструирани.

Општината овој проект го реализира на барање на жителите од Ваташа.

 

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Општината Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот проект за обновување на коловозите на главните градски улици. Оперативата на ангажираната фирма започна со вадење на старите и дотраени рабници на дел од булеварот „Никола Минчев“.

Според проектот освен замената на рабниците предвидено е делумно гребење на стариот и дотарен асфалт, по што ќе уследи финалниот дел за поставување на нова асфалтна подлога со дебелина од 5 сантиметри.

Општина Кавадарци продолжува со реализација на овој значаен проект со кој по скоро пет децении централните и најстари улици кои се „крвотокот“ на градските и регионални комуникации ќе се ревитализираат и ќе бидат многу побезбедни за одвивање на сообраќајот.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

 

ПОСТАВУВАЊЕ НА РАБНИЦИ НА КРАК ОД  УЛИЦАТА „25-ТИ МАЈ“

ПОСТАВУВАЊЕ НА РАБНИЦИ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „25-ТИ МАЈ“

 

Општината Кавадарци продолжува со комуналната изградба. Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци започна со реализација на комунален проект за урбанизирање на крак од улицата „25ТИ Мај“.

Според проектот ќе се работи на бетонирање на улицата која се наоѓа над големиот потпорен ѕид. А за пристап ќе се изградат и скали.

Денеска на таа делница се поставуваа рабници, по што ќе уследи бетонирање. Предвидено е да се бетонираат 400 метри квадратни.

Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди пристап на жителите од тој дел на градот. За пристап до нивните домови тие повеќе нема да газат прашина и кал. Општината со овој зафат им решава децениски проблем.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАРИ НА  КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАРИ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

Ангажиратата оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци е активна на завршните работи од реализацијата на сообраќајниот проект на општината Кавадарци кружен тек на улицата „Западен булевар“ кај Винарската визба „Тиквеш“.

ДФеновиве се изведуваат градежните активности на поплочување на тротоарите и пешачките острови со павер елементи. Претходно беа поставени и високите столбови со ЛЕД всетилки како дел од Јавното улично осветлување.

Овој проект е во завршна фаза на реализација, а со вкупната површина од 3 000 метри квадратни тоа е најголемиот урбанизиран кружен тек во градот.

АСФАЛТИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА „СМАИЛИЦА“

АСФАЛТИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА „СМАИЛИЦА“

Општина Кавадарци реализира уште еден комунален проект. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ го асфалтираше новиот дел од улицата „Смаилица“.

Според проектот се работи за пробиен крак на оваа улица, каде покрај пробивањето се изврши порамнување, се поставиа рабници и се тампонираше подлогата.

Со овој проект општината на жителите од овој дел на Кавадарци им овозможи посигурен и побезбеден пристап до нивните домови.