Категорија: Улици и тротоари

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „НАРОДНИ ХЕРОИ“

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „НАРОДНИ ХЕРОИ“

Општина Кавадарци во рамките на реализацијата на програмата за комунална изградба, денеска започна со реализација на проект за поплочување на неколку локации во Урбаната заедница „Слога“.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци  работи на подготовка на просторот за поплочување на дел од тротоар на улицата „Народни херои“ спроти „ваташката градинка“. Ова е првиот од неколкуте проасори каде во наредниот период ќе се постават павер елементи како дел од предвидената урбанизација.

Асфалтирање на ул.„Сава Ковачевиќ“

Асфалтирање на ул.„Сава Ковачевиќ“

Општина Кавадарци во населба Глишиќ раелизира градежен проект за обновување на ул.„Сава Ковачевиќ“. Денес се поставува нова асфалтна подлога со дебелина од 7 сантиметри. Проектот предвидува реконструкција на улицата во должина од 300 метри каде ќе се асфалтира површина од 1800 метри квадратни.

Претходно на оваа делница се постави линија за атмосферска канализација со решетки за зафаќање на површинските води. Работите кои започнаа денес ги изведува фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.

Асфалтирање на две споредни улици на ул. Киро Крстев спој со ул. Крсте Мисирков

Асфалтирање на две споредни улици на ул. Киро Крстев спој со ул. Крсте Мисирков

Денеска градежната фирма “Изолација”- Скопје започна со асфалтирање како и со местење на рабници на две споредни улици на ул. Киро Крстев спој со ул. Крсте Мисирков. Двете улици се со должина од по 60 метри и ќе се асфалтира со вкупна квадратура од 720m2.