Уште еден проект од комуналната изградба реализира општина Кавадарци. Оперативата на „Градба промет“ ги изведува работите за поплочување на пешачка патека со површина од 100м2. Патеката поврзува влез во колективна станбена зграда од улицата „Илинденска“ кај стариот кружен тек.
Вредноста на работите изнесува 177.200 денари, а парите се обезбедени од буџетото на општината, сметка за комунална изградба.
Општина Кавадарци во соработка со Јавното претпријатие за патишта „Македонија пат“ реализираа проект за обновување на оштетена делница од регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб.
Механизацијата на „Македонија пат“ подружница Велес изврши асфалтирање на 240 метри од нај оштетената делница кај ромската населба над селото Ваташа.
Регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб е витална сообраќајница која интензивно ја користат повеќе стопански субјекти, како и кавадарчани за пристап до населените места од поранешната Општина Конопиште.
Со оваа интервенција се подобрува безбедноста на регионалниот пат кој води кон Моклиште, висорамнината Витачево и селата од под кожувието.
Согласно програмата за комунална изградба, општина Кавадарци реализираше проекти за реконструкциа на тротоари на улиците „Партизанска“ и „Лазо Мицев“ кај паркот „Полана“.
Според проектот општината изгради нови тротоари од павер елементи на површина од 480 м2.
Оперативата на фирмата „Градба промет“ претходно ги изведе подготвителните работи за расчистување и отстранување на оштетениот дел на стариот тротоар по што беа поставени нови бехатон плочки.
За оваа намена согласно програмата од буџетот за комунална изградба општината изввојува 590.000 денари.
Општина Кавадарци заврши со реализиацијата на проектот за ревитализација на улицата „Брушанска“.
Оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје изврши асфалтирање на оваа улица со што жителите на овој дел од градот добија уште една урбанизирана улица како надополнување на веќе реконструираните „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше
Претходно ЈП „Комуналец“ работеше на реконструкција на канализационата мрежа.
Паралелно со поплочувањето во селата, општината реализира проекти од комуналната изградба и во Урбаните заедници во градот.
Оперативата на фирмата „Градба промет“ е ангажирана на изградба на тротоар на дел од булеварот „Моша Пијаде“. Третман на оваа јавна набавка е делницата на тротоарот од спојот со булеварот „Цветан Димов“ до спојот со „Западен булевар“ (нов кружен тек) кај ООУ „Гоце Делчев“.
За поставување на павер елементи на површина од 400м2општината инвестира 630.000 денари обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.