Категорија: Улици и тротоари

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ВУКО КАРОВ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ВУКО КАРОВ“

Кавадарци добива уште една урбанизирана улица. Во населбата „Парк“ над градскиот стадион опертативата на фирмата „Градба промет“  реализира проект Јавна набавка поплочување на улицата „Вуко Каров“.

Според проектот на општината се вршат градежни работи на делницата од спојот со илицата „Дисанска“ до околните индивидуални станбени објекти.  Се поплочува површина од 600 метри квадратни со поставуваат бехатон коцки.

Претходно беше извршено порамнување на трасата, поставување на рабници и тампонирање.

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА  „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

Завршена е реализацијата на уште еден комунален проект на општината. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци изврши асфалтирање на кратка делница од улицата „Наќо Лазовски“.

Според проектот се ревитализираше делот од спојот со улицата „Димката Ангелов-Габерот“ до спојот со задниот двор на ООУ „Тошо Велко-Пепето“ во Кавадарци.

Претходно на истата делница беа поставени нови рабници на едната страна од коловозот и беше изгребан и отстранет стариот дотраен и оштетен асфалт.

Со овој проект општината обезбеди обновен и побезбеден  пристап на учениците.

АСФАЛТИРАЊЕ НА КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денеска изврши асфалтирање на коловозот на улицата „Наќо Лазовски“. Нов слој асфалт е поставен во должина од 220 метри.

Според планот на општината претходно беше отстранет стариот и дотраен асфал после што следеше тампонирање.

Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на улиците „Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јвна набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходна како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од улицата „Дисанска“.

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ШИШКА“

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ШИШКА“

Проширената и реконструирана делница на улицата „Шишка“ наскоро ќе го добие и вториот тротоар.

Опретаивата на фирмата „Градба промет“ работи на поплочување на тротоарот на делот од влезот во Глишиќ до спојот со улицата „Северен булевар“ кај Општа болница. На оваа делница се оформува тротор со широчина од два метри, каде се поставуваат рабници, се врши тампонирање и поплочување со павер елементи.

Со овој проект општината создава побездни услови за движење на пешаците.

Во завршниот дел од реализацијата на проектот проширување и реконструкција на ул.„Шишка“ ќе уследи и целосно реновирање и подобрување на Јавното улично осветлување.

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Делницата од новопробиенета траса на улицата „Западен булевар“ кај кривината на „Градските гробишта“ се доурбанизира.

Деновиве градежната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на поплочување на тротоарот од двете страни на улицата.

Со овој проект општината уредува значајна сообраќајница со која се намалува преголемата сообраќајна оптовареност на „Ресавска“ и околните улици, а воедно се подобрува и безбедноста во сообраќајот на тој дел од градот.