Категорија: Улици и тротоари

Асфалтирање на дел од улицата „Индустриска“

Асфалтирање на дел од улицата „Индустриска“

Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци изврши асфалтирање на дел од улицата „Индустриска“ во кругот на поранешниот дрвен комбинат„Страшо Пинџур“.
Според проектот денес започна поставувањето асфалтот на делницата од 900 метри поредвидена за ревитализација.
Претходно беше спроведено отстранувањето на стариот оштетен асфалт, поставување на рабници и тампонирање.
Општината е финансиер на проектот со кој се подобрува патната инфраструктура во една од индустриските зони на градот, каде работат значаен број на фирми од малото стопанство.

 

Асфалтирање на новиот пробиен дел на Западен булевар

Асфалтирање на новиот пробиен дел на Западен булевар

Оперативата на фирмата „Градба промет“ денес продолжи со асфалтирање на новиот пробиен дел на Западен булевар на потегот од разделувањето до спојот со ул.„Ѓоре Брушански“ кај „Кавадаречки дол“.
Во оваа кампања се работи на доасфалтирање на деловите каде улицата се дели на два крака.
Претходно општината на оваа делница ја реконструираше старатa подземна инфраструктура на водовод и канализација (фекална и атмосферска). Се посатавија и целосно нови линии, по што следеше асфалтирање.
Урбанизацијата се заокружи со поставување на нова линија од системот на јавно улично осветлување на високи метални столбови со еколошки и штедливи ЛЕД светилки.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРИ ЛОКАЦИИ ОД  УЛИЦАТА „БРАЌА ЏУНОВИ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРИ ЛОКАЦИИ ОД УЛИЦАТА „БРАЌА ЏУНОВИ“

Оперативата на фирма „Градба промет“ заврши со поплочување на три локации од улицата „Браќа Џунови“.

Согласно проектот на општината, на делницата од мостот „Слога“ до постојниот асфалт  на влезот во „Кадрово маало“ со бехатон коцки се поплочи новопробиена делница од  улицата со површина од 400 метри квадратни.

Со овој зафат општината урбанизираше дел кој со години беше „слепо црево“ на левиот брег од реката „Луда Мара“.

На две соседни локации во склоп на истата јавна набавка се поплочи и тротоар со површина од 173 квадрати, како и пристап до индивидуални станбени објекти со површина од 137 квадратни метри.

Општината проектот го реализираше на барање на жителите од овој дел на Кавадарци, кои со децении назад барат да се урбанизира пристап до улицата „Слога“.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ИНДУСТРИЈСКА“

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ИНДУСТРИЈСКА“

Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работи на отстранување на стариот и достарен асфалт на дел од улицата „Индустријска“ во кругот на поранешниот Дрвен комбинат„Страшо Пинџур“.

Според роектот на делницата поредвидена за ревитализација покрај отстранувањето на стариот асфалт че уследи поставување на рабници, тампонирање и асфалтирање.

Општината е финансиер на проектот со кој се подобрува патната инфраструктура во една од индустријските зони на градот, каде работат значаен број на фирми од малото стопанство.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА  НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Нова пешачка патека со површина од 300 квадратни метри се гради на улицата „Бел камен“ во истоимената населба. Деновиве се поставуваат рабници со кои се формираат контурите на патеката, по што ќе следи поставување на бехатон коцки.

Изведувач на работите е фирмата „АС машини“ од Кавадарци.

Општината ја гради патеката на барање на жителите од тој дел на градот.