Категорија: Улици и тротоари

ДОГРАДБА НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“  ДО СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА   

ДОГРАДБА НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“ ДО СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА  

Во рамките на комуналната изградба општината Кавадарци реализираше проект за продолжување на крак од улицата „Дисанска“ во населбата „Парк“. Ангажираната оператива деновиве ги заврши градежните работи со поставување на рабници за оформување на трасата на улицата во должина од 300 метри, по што се спроведе и тампонирање.

Во наредниот период  ќе уследи асфалтирање на улицата. Претходно на истата делница се изврши прокоп и поставување на цевки и шахти од новата линија за канализација.

Со реализацијата на овој проект општината ќе обезбеди урбанизиран и  асфалтиран пристап до Спомен костурницата од истичната страна.

ПРВА ФАЗА ОД ПРОБИВАЊЕТО НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ПРВА ФАЗА ОД ПРОБИВАЊЕТО НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Оперативата на фирмата „Градба промет“ работи на пробивање на улицата „Западен булевар“ на потегот од градските гробишта до спојот со улицата „Ѓоре Брушански“ кај „Кавадаречки дол“.

Во оваа прва фаза се работи на делница во вкупна должина од 740 метри, од кои првите 300 метри се целина на коловоз и тротоари, по што улицата се дели на два крака, секој со должина од 240 метри.

Според проектото на општината на оваа делница се реконструира старат подземна инфраструктура на водовод и каализација (фекална и атмосферска), а се посатавуваат и целосно нови линии таму каде што има потраба.

Во наредниот период ќе следи поставување на рабници и тампонирање, а во завршната фаза улицата ќе се асфалтира. Урбанизацијата на оваа нова улица ќе се заокружи со поставување на нова линија од системот на улично осветлување на високи метални столбови  со еколошки и штедливи ЛЕД светилки.

Асфалтирање на ул. Црноречка

Асфалтирање на ул. Црноречка

Во тек е асфалтирање на ул.Црноречка. Согласно проектот предвидено е асфалтирање на ул.Црноречка, 4 краци од оваа улица како и асфалтирање на ул.Јован Планински спој со ул.Ѓоре Брушански. Денес се асфалтираат 3 од овие улици а во текот на утрешниот ден ќе се изврши и асфалтирање на уште 2 улици. Асфалтирањето се врши со дебелина од 7 сантиметри а претходно беа поставени ивичњаци и уредување на долен строј.
Ќе се асфалтираат вкупно 1850 метри квадратни, изведувач е Градба промет а финансиската вредност на проектот е 4 366 000 денари.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПАТ ДО ЦРКВАТА ВО СЕЛО ВОЗАРЦИ

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПАТ ДО ЦРКВАТА ВО СЕЛО ВОЗАРЦИ

Со постсвувањето на рабниците, оперативата на ангажираната фирма „АС машини“ од Кавадарци започна со реализација на втората етапа од поплочувањето на делница од пристапниот пат до црквата во селото Возарци.

Во наредните денови најпрвин ќе се оформи контурата на патот во должина од 270 метри на делница од постојниот плочник до капијата на црковниот двор. Паралелно ќе се врши и поплочување со бехатон коцки на површина од 800 метри квадратни.

Минатата година во исто време опоштината преку ангажираната фирма поплочи површина од 400 метри квадратни, во правец на црквата и тоа на потегот од спојот со локалниот пат кон браната на „ХЕЦ „Тиквеш“.

Со овој зафат општината во целост ќе го поплочи пристапниот пат до селската црква. Општината и овој проект го реализира на барање од граѓаните од селото Возарци.