Категорија: Настани

НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА И ПАКЕТЧИЊА ЗА  УЧЕНИЦИТЕ ВО ЕЛО СОПОТ

НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА И ПАКЕТЧИЊА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ЕЛО СОПОТ

Дедо Мраз и Заменик градоначалникот на Oпштина Кавадарци д-р. Никола Трендафилов во име на градоначалникот и општината Кавадарци на учениците од подрачното општинско училиште „Димката Ангеков-Габерот“ во селото Сопот им додели новогодишни пакетчиња.
Пред родителите и гостите од општината учениците одржаа приредба каде се претставиа со кратка пригодна програма во која пееја и играа на традиционалните новогодишни и божиќни песни.
Потоа сите учесници во програмата од Дедо Мраз добиа новогодишни пакетчиња.
Учениците во холот на училиштето организираа и новогодишен базар на кој беа изложени нивни ракотворби.

ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВТОРАТА МАКЕДОНСКАУДАРНА БРИГАДА

ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВТОРАТА МАКЕДОНСКАУДАРНА БРИГАДА

Со положување свежо цвеќе пред бистата на првиот командант Диме Туриманџов, во Кавадарци се одбележа 76 годишнината од формирањето на Втората Македонска ударна бригада.

Букети свежо цвеќе положија делегации на Здружението на борците и почитувачите на придобивките од НОБ на Кавадарци и Неготино, делегација од Општина Кавадарци и членови на семејството Туриманџов.

Пред бистата за борбениот пат на бригадата говореше историчарот Петре Камчевски кој истакна: „На 20 декември 1943 год. со одлука на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во с. Фуштани Ег. Македонија од баталјоните „Страшо Пинџур“, „Вториот баталјон на третата оперативна зона“ и еден бугарски одред е формирана Втората македонска ударна бригада. Со наредбата е формиран и штаб на бригадата: за командант бил избран Диме Туриманџовски-Горски, зам. командант Лазар Калајџијски-Добри, полит. комесар Трифун Трифунов-Балкански и за. Полит. комесар Мито Хаџи Василев-Јасмин.             За своите заслуги во борбата против фашистичкиот окупатор (води повеќе од 200 успешни борби), бригадата е одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и Орден братство и единство со златна ѕвезда. Бригадата во состав на Првата македонска дивизија учествува во завршните борби за ослободување на Македонија и Југославија“.

ОТВОРЕНА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА  ВО ВОЗАРЦИ

ОТВОРЕНА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ВОЗАРЦИ

Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р. Митко Јанчев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во селото Возарци ја отворија првата детска градинка.

Станува збор за преадаптација на поранешниот објект на амбулантата, кој сега со реконструкцијата е двонаменски. Новата градинка во Возарци има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри располага со занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. Преостанатиот простор од објектот ќе ја има функцијата на амбуланта.

Во обраќањето пред присутните градоначалникот Јанчев рече: „Денеска, го предаваме во употреба објектот „Ѕвончица“ во с.Возарци со капацитет за сместување на над 20 дечиња. Возарци е село во кое, поради добрата местоположба и близината до градското подрачје, младите остануваат со своите семејства и детската градинка беше неопходна во една ваква средина“.

На отворањето на објектот присуствуваа жители од Возарци, како и претставници на Советот на општината и претседателот Ристо Сакалиев.

Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Со неговата изградба и предавање во функција општината обезбеди подобри услови за граѓаните во делот на предшкослата возраст како и во примарното здравство. А проектот ќе го подигна уште повеќе и онака добриот стандар на живеење во оваа урбана средина.

 

РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ МАКРАДУЛИ

РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ МАКРАДУЛИ

Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев денеска оствари работна средба со Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. На средбата се разговараше за поддршката што општина Кавадарци ја доби од програмата на МЖСПП за намалување на загадувањето, како и за промена на стари  врати и прозорци со енергетски ефикасни во објекти на дел од  централните и подрачните училишта.

На средбата во кабинетото на Јанчев се разговараше за проектите кои се во фаза на реализација. Во изјава за јавноста градоначалникот Јанчев ги посочи проектите во општината при што истакна: „Согласно првиот Јавен повик за реализацја на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година и намалување на високите концентрации на ПМ 10 и ПМ2.5 со замена на опрема/нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта во најзагадените градови во Македонија. Врз оваа основа на општина Кавадарци и беа доделени финансиски средства во висина од 5.195.420 денари за набавка на опрема за греење со еколошки системи наменета за основните училишта. Согласно пак Вториот Јавен повик за намалување на аерозагадувањето-енергетска ефикасност, ни беа доделени финансиски средства во видина од 1.804.589 денари кои се наменети за промена на надворешни врати и прозорци во основните училишта и тоа за следните објекти: ООУ ,,Тошко Велков Пепето-с.Дреново”, СОУ ,,Ќиро Спанџов-Брко”. Ученички дом с.Дреново, како и во ПОУ с.Возарци и с.Дреново“.

Градоначалникот Јанчев ги презентираше и податоците за изградба на Колекторскиот систем кој што е во должина од 4453 метри е изграден во Кавадарци па се до село

Марена со финансиски средства од Министерството з

а животна средина, ИПА програмата на Европската унија и со општинско кофинансирање.

Во 2019 година, Доделени се финансиски средства во висина од 5.000.000 денари oд страна на Министерството за животна средина а 10.524.000 денари се општинско учество.

Јанчев и Макрадули се сретнаа и со претставници на општинските еколошки организации, како и со дел од советниците во општинскиот совет Кавадарци со кои разговараа на еколошки теми.

Посетата се искористи и за увид во работите на објектот на училиштето „Габерот“ Кавадарци, каде со републички средства се врши промена на системите за затоплување со еколошки грејни тела, потоа на објектото „ООУ „Пепето“  каде се врши промена на столарија со ПВЦ прозорци, како и на изградбата на колекторскиот систем во селото Марена.

СЕ ОДФРЖА ПРВИОТ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“

СЕ ОДФРЖА ПРВИОТ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“

Деца музички таленти од Кавадарци и Ковин синоќа настапиа пред публиката во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ како дел од првиот фестивал на традиционална музика „СРМА“.

Во рганизација на ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ Кавадарци и Домот на културата од збратимената српска општина тие синоќа пред публиката во поланата сала се претстава со тадиционална музика карактеристична за двата краја.

Синоќнешниот настап беше вовед во нешто поголемо што треба да се случи наредната година најпрво во Кавадарци на Св.Трифун 14 февруари 2020, а потоа на 29 ноември во Ковин. Тенденција на организаторот е фестивалот полека да прерасне мо меѓународен, за што сериозен интерес имаат изразено општини од Црна Гора, Боснаи Херцеговина и од Хрватска.