Категорија: Настани

ПРВ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“ ВЕЧЕР ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

ПРВ ЕТНО ФЕСТИВАЛ „СРМА“ ВЕЧЕР ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев, денеска во неговиот кабинет оствари средба со делегацијата од збратимената општина Ковин од република Србија.

Гостите од Ковин престојуваат во Кавадарци како дел од првиот фестивал на традиционална музика „СРМА“ во организација на ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ Кавадарци и Домот на културата од збратимената српска општина.

На фестивалот ќе земат учество деца од Кавадарци и Ковин. Пред публиката во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ тие вечерва ќе се претстават со тадиционална музика карактеристична за двата краја.

Фестивалот ќе се одржи на 19.11.2019г (вторник) со почеток во 19:00 часот.

Градоначалникот Јанчев оствари средба со проф. Димитрија Ангелков

Градоначалникот Јанчев оствари средба со проф. Димитрија Ангелков

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со проф.Димитрија Ангелков на која се разговараше за идни проекти иницирани од последниот изум на професорот.
Проф.Ангелков освои златен медал на саемот за иновации Иновамак 2019 за “паметните канти”. Иновацијата се состои во тоа што го решава проблемот со враќањето на пластичните, стаклени и метални шишиња за рециклирање. Доколку во кантата која прима само стаклени шишиња пробате да фрлите пластично шише, ќе ви даде коментар дека не прима таков отпад и да одите во другата да го фрлите, која е предвидена за тоа. Целиот систем функционира самостојно, затоа што соларниот панел генерира доволно енергија да работи целиот механизам и електроника.
Градоначалникот Митко Јанчев и проф.Ангелков дискутираа за можна соработка во блиска иднина, најпрвин за сите јавни институции а потоа и поголеми проекти.
Со оглед на тоа што во изминатата година Кавадарци беше на второ место како Еко Општина ,секако дека ваквите проекти само ќе не однесат чекор понапред до првото место како Еко Општина.

 
ГРАЃАНИТЕ ОД УЗ „БРАЌА ДОСЕВИ“ НА СРЕДБА  СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

ГРАЃАНИТЕ ОД УЗ „БРАЌА ДОСЕВИ“ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Градоначалникот на Кавадарци во директна средба со граѓаните од УЗ „Браќа Досеви“ имаше можност да ги чуе нивните барања, потреби и предлози од комуналната сфера.
Во дворот на основното училиште „Тоде Хаџи-Тефов“ Јанчев прд присутните граѓани, најпрвин потсети на реализираните проекти во оваа урбана средина. Беа посочени, интервенциите на општината со асфалтирање на одделни улици, зафати во обнова на постојната подземна инфраструктура на водовод и канализација, изработка на нови пешетки за зафаѓање атмосферски води, за чистењето на дивите депонии, како и поплочувањата на тротоари во централното градко подрачје, обезбедување нови паркинг места, пробивање на улици, како и неколкуте еколошки проекти.
И овде градоначалникот нагласи дека од овие средби во 100% се креира Програмата за комунална изградба. присутните граѓани го потврдија единствено правилниот пристап во креирањето на наредната програма за комунална изградба, по потенцирање дека токму од тој пристап се произлезени проектите кои се реализираат, а општината ја носат на лидерската позиција во семјата, како треба да фунционира една општина.
Во приоритетите од јавен интерес граѓаните предложиа: подигање на звучен ѕид на „Западен булевар“ под гробиштата, интервенција на канализациона мрежа на делот кај покриениот канал, како и повеќе барања за интервенции во реконструкција на улици, тротоари, како и на подземната инфра структура водовод и канализација. Проблемите со непрописното паркирање, слабата пропустна моќ на улиците во сообраќајот, ги мачат и граѓаните во оваа урбана средина, поради што и тие пшобараа водедување на еднонасочен систен на движење по градските улици како би се избегнал метежот и би се подобрила безбедноста во сообраќајот.
Градоначалникот вети дека сите нивни барања ќе бидат вградени во комуналната програма за 2020 година.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД УЗ „СТРАШО ПИНЏУР“

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД УЗ „СТРАШО ПИНЏУР“

Средбите на градоначалникот на Кавадарци г. Митко Јанчев со граѓаните од урбаните и месните заедници продолжија синоќа. Јанчев првата средба ја оствари со жителите од УЗ „Страшо Пинџур“.

На почетокот присутните беа потсетени на проектите  во оваа урбана заедница, што ги реализираше општината во изминатиот период. Беа акцентирани најзначајните проекти како асфалтирање на 12 улици, изградба на пешачки мост на улицата „Шишка“, поплочувања на тротоари, улици, партерно уредување на јавни површини, како и на  остварените проекти за реконструкции на подземната инфра структура  водовд и канализација, а се посочиа и еколошките проекти.

Јанчев во воведот посочи дека овие средби тој со соработниците од општината, ЈП „Комуналец“ и полицијата ги посветува на реалните проблеми на граѓаните. Рече дека токму од ваквите средби се планира комуналната изградба за наредната година.

Во предлагање на приоритетите присутните посочиа: изградба на атмосферска канализација на полевќе улици на локалитетот „Голи оток“. Потоа пробивање на улицата „Григор Прличев“ со улицата „Васил Дубров“. Побараа ново Јавно улично осветлување на ул.„Дисанска“ кон ул. „Васил Дубров“ како и на дел од ул.„25-ти Мај“. За нив приоритет е асфалтирањето на улици во урбаната заедница, поплочувањетона тротоари, улици, патеки и јавни површини, како поставување на урбана опрема во консултација со жителите на предвидена локација. Исто така побараа расчистување на диво поставени гаражи на ул. „Иво Андриќ“ и нејзино асфалтирање.

 Исто така и пшредлозите на жителите од УЗ „Страшо Пинџур“ ќе бидат составен дел на Програмата за комунална изградба во 2020 година.

ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД УЗ „БРАЌА ЏУНОВИ“

ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД УЗ „БРАЌА ЏУНОВИ“

Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанчев заедно со соработниците од општината, ЈП „Комуналец“ и полицијата имаше работна средба и со граѓаните од Урбаната заедница „Браќа Џунови“.

Во воведот, градоначалникот посочи дека овие средби ги реализира со цел директно од граѓаните да ги осознае нивните реални потреби и проблеми од комуналната сфера. Подвлече дека токму на ваквите средби граѓаните ги искажуваат реалните состојби на теренот во средината каде живеат, а врз основа на тие сознанија општината ја планира комуналната изградба за наредната година.

Општа констатација меѓу присутните граѓани беше дека во изминатите две години градоначалникот Јанчев преку општината реализираше низа значајни проекти кои го подигнаа стандардот на живеење во оваа централна  Урбана заедница.

Во приоритетите за наредната година беа посочени повеќе комунални потреби пред се  во делот на интервенции на повеќе улици кои досега не биле третирани во Програмата за комунална изградба.

Побара преасфалтирање на оштетениот дел од ул. „Браќа Џунови“ од старат градинка до улицата „Слога“, оформување паркинг на просторот помеѓу старите згради под зградата на општината, како и воведување на еднонасочен сообраќај на повеќе улици во оваа урбана средина каде поради централната поставеност најмногу се чуствуваат проблемите со прекумерниот сообраќај, а пред се непрописното паркирање.

Сите предлози на граѓаните ќе бидат вградени во Програмата за комунална изградба за 2020 година.