Категорија: Настани

ЧЕШКИОТ АМБАСАДОР ТОМАН ВО КАВАДАРЦИ

ЧЕШКИОТ АМБАСАДОР ТОМАН ВО КАВАДАРЦИ

Средба на Градоначалникот Јанчев со фудбалерите, управата на ГФК „Тиквеш“ и навивачката група „Лозари“

Средба на Градоначалникот Јанчев со фудбалерите, управата на ГФК „Тиквеш“ и навивачката група „Лозари“

Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев имаше работна средба со фудбалерите, стурчниот штаб и управниот одбор на ГФК „Тиквеш“, на која присуствуваа и преставниците на навивачката група „Лозари“.

Актуелната сотојба во клубот после двата порази на домашен терен од Беласица и Кожув беше единствената тема на дневен ред. Градоначалникот Јанчев побара во отворена и искрена дискусија изворно да се запознае со причините за слабите резултати во двата есенски клучни натпревар.

Според тренерот Љупчо Димитковски се случи резултатска криза во најлош момент, за која придонесоа неколкуте повреди и жолтите картони. Но според него кризата ќе се надмине, а првенството е долго и  изедначено во борбата за врвот. Тој изрази подготвеност за превземање на вината.

Навивачката група „Лозари“  искажа целосна поддршка кон градоначалникот Јанчев и општината за неговите искрени напори клубот да се врати на македонскат фудбалска карта.  Ја потврдиа и нивната  лојалност кон црвено белата боја, при што побараа поголем ангажман од упавата за санирање на сите пропусти, како во раководењето со клубот така и на трибините, со цел градот и публиката да  почуствуваат дека Тиквеш е на вистинската патека.

Двајцата најискусни Мојсов и Шиков напомнаа дека последните неуспеси беа момент на криза. Потврдиа дека поразите болно ги примиле, но сега е потребно сите чинители да стават се на една карта, да се добијат преостанатите 4 средби од есенскиот дел и во паузата до пролет сите да работат на санирање на пропустите во интерес на клубот.

Градоначалникот Јанчев во заклучоците од средбата подвлече дека фудбалската војна не е изгубена. Побара од фудбалерите максимално залагање со цел тие и сите директни чинители во и околу клубот да ја остварат позитивната приказна ГФК Тиквеш, пред се заради, градот, навивачите, историјата и традицијата на клубот. Само со добри резултати ќе го осветлаат образот и ќе го заштита личниот авторитет и интегритет. Само добрите резултати ќе отворат пат за вклучување на кавадаречката бизнис заедница во создавање на силен клуб.

На крајот сите посакаа и порачаа дека веќе во недела Тиквеш се враќа во победнички ритам, а Плачковица фудбалски ќе плаче.

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ГРАЃАНИТЕ  ОД УЗ „СЛОГА“

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ГРАЃАНИТЕ ОД УЗ „СЛОГА“

Градоначалникот на Општина Кавадарци г. Митко Јанчев вчера продолжи со директните средби со граѓаните од Урбаните заедници во градот. Остварени се две, од кои првата со жителите од Урбаната заедница „Слога“. Во обраќањето пред присутните градоначалникот посочи дека на половина од мандатот тој и општината се соочија со сериозни предизвици, на кои достојно е одговорено со цел Кавадарци да стане поубаво место за живеење. Градоначалникот нагласи дека досега успешно се реализирани 90% од предизборната програма.

Граѓаните беа потсетени на реализираните проекти и фактот дека во оваа УЗ со асфалт се обновени 6 улици, а во тек е асфалтирање на улиците „Февруарски поход и „Страшо Пинџур“. На овие улици има нов асфалт на површина од близи 7.000 метри квадратни.

Реализирани се проекти за поплочување на тротоари, пешачки патеки и улички. Извршени се интервенции на канализационата и водоводната мрежа на 9 улици, санирани се и ударни дупки по улиците. Во делот на еколошките проекти во овој реон се исчистени неколки критични точки со диви депонии, кои сега се претворени во зелени површини. Подигнати се и три потпорни ѕидови за стабилизација на земјиштето. Значаен реализиран проект е доградбата на нови занимални во објектот „Снежана“ -ваташка градинка каде е зголемен капацитетот за згрижување за 125 деца.

Граѓаните кон Јанчев упатиа пофалби и позитивни критики за сработеното, но во дискусиите ги посочиа проблемите кои треба да се решат. Најголем дел од забелешките се однесува на санирање на постојни улици и подземна инфраструктура. Но сите беа едногласни дека општината и полицијата треба да го решат проблемот со старите нерегистрирани возила кои со нивните иматели се огромна потенцијална опасност во сообраќајот.

Од преставникот на полицијата беше посочено дека по донесувањето на измените во Законот, полицијата ќе може тие возила да ги одзема на самото место со што дел од проблемот ќе биде трајно надминат.

Во завршниот збор градоначалникот  вети дека сите забелешки од средбата ќе се вградат во новата програма за 2020 година, и дека истата треба да се подготви според реалните потреби од ситуацијата на теренот. 

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ГРАЃАНИТЕ  ОД УЗ „ЗАДРУГАР“

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ГРАЃАНИТЕ ОД УЗ „ЗАДРУГАР“

Градоначалникот на Општина Кавадарци г. Митко Јанчев со соработниците вчера оствари директна средба со граѓаните од Урбаната заедница „Задругар“. Градоначалникот нагласи дека досега успешно се реализирани 90% од предизборната програма.

Граѓаните беа потсетени на реализираните проекти и фактот дека во оваа УЗ со асфалт се обновени 8 улици на површина од 5.342 метри квадратни.

Реализирани се проекти за поплочување на тротоари, и улички на површина од 2.767 метри квадратни. Извршени се интервенции на канализационата и водоводната мрежа на 5 улици.  На 3 улици е поставена нова мрежа. поставена е одводна решетка на една улица како и околу 100 метални столбови како вертикална сигнализација за одвојување на сообреаќајна површина.

Во делот на еколошките проекти во овој реон се исчистени 5 критични точки со диви депонии, кои сега се претворени во зелени површини.

Граѓаните кон Јанчев упатиа пофалби и благодарност за сработеното, но во дискусиите ги посочиа проблемите кои треба да се решат во наредниот период. Најголем дел од забелешките се однесува на санирање на постојни улици и подземна инфраструктура.

Во завршниот збор градоначалникот вети скорешна реализација на Стратешки проект во ова УЗ, а тоа е пробивање на улицата „Западен булевар“ – односно ул. „Галишка“ во правец кон „Кавадаречки“ и кон „Желков дол“ со што ќе се отвори и значаен пристап. Со тоа овој дел од градот ќе има безбедна сообраќајница и повеќе нема да биде слепо сообраќајно црево на Кавадарци. Тендерската постапка е при крај.

На овој потег ќе се воведе и ново сообраќајно решение за еднонасочно движење по улиците „Пролетерска“, „Ваташка“ и „Јане Сандански“.

Капитален објект е секако и изградбата на нов објект на детската градинка на улицата „Ресавска“.

Сите забелешки од средбата ќе се вградат во новата Програма за комунална изградба во 2020 година, и дека истата треба да се подготви според реалните потреби од ситуацијата на теренот.

Посета на Саемот за вонучилишни активности од страна на Градоначалникот Митко Јанчев

Посета на Саемот за вонучилишни активности од страна на Градоначалникот Митко Јанчев

Овој настан е од голема важност за децата кои можат да се запознаат со сите активности кои им се нудат да ги имаат за свое хоби или пак за професионално занимање во иднина.