Категорија: Настани

Помошникот државен секретар Филип Рикер и амбасадорката Кејт Мари Брнз во посета на Општина Кавадарци

Помошникот државен секретар Филип Рикер и амбасадорката Кејт Мари Брнз во посета на Општина Кавадарци

Денес во посета на Општина Кавадарци беа Филип Рикер, вршител на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија и амбасадорката Кејт Мари Брнз.

Причина за посетата на Општина Кавадарци беше средбата со градоначалникот м-р Митко Јанчев. Работната средба се случи во кабинетот на градоначалникот а изјави за медиумите не беа предвидени.

Честа да се биде домаќин на високи политички претставници како што е г-дин Рикер е огромна и од големо значење за Општина Кавадарци.

Ова е и прва средба на градоначалникот со новата амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Loading
Градоначалникот Митко Јанчев заедно со службите оствари средба со граѓаните

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со службите оствари средба со граѓаните

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со службите денес имаше средба со жителите на ул.Шишка. На средбата се разговараше за најавената целосна реконструкција на ул.Шишка.

Исто така Градоначалникот заедно со службите денес беа на терен на ул.Младост и на ул.Галишка поради пробивање на Западен булевар како и на други локации каде во тек се градежни активности.

Заменик амбасадорот на Германија г-дин Ото Граф во посета на Општина Кавадарци

Заменик амбасадорот на Германија г-дин Ото Граф во посета на Општина Кавадарци

Денес во посета на Општина Кавадарци беше заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел на Германија г-дин Ото Граф. Тој оствари и средба со Градоначалникот г-дин Митко Јанчев.

Loading
ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ГРАДИНКА ВО СЕЛО МАРЕНА

ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ГРАДИНКА ВО СЕЛО МАРЕНА

Во селото Марена денеска беше предадена во употреба новата детска градинка која се наоѓа во кругот на реновиреното подрачно основно училиште.

Објект во работа го предадоа: градоначалникот Митко Јанчев министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска и Цанка Дибринова директорка на ОДУ градинка „Рада Поцева“,

Градинката ја изгради Локалната самоуправа Кавадарци а целосно ја опреми Министерството за труд и социјална политика во рамките на проектот и руралните средини да добијат детски градинки на Министерството за труд и социјална политика.

Објектот детска градинка „Петар Пан“ е со капацитет за грижување на 25 до 30 деца од селото. Градоначаникот Митко Јанчев, при обраќањето денеска, најави дека во тек се градежните работи на доградба  на нови занимални со проширување на постојните објекти, со што ќе се зголеми можноста од опфат на нови деца. Инаку во градот има потреба од изградба на нова градинка, која Кавадарци ќе ја добие во наредниот период.

На свеченоста во селото Марена свој настап имаа и деца кои престојуваат во градинката „Рада Поцева“.

Loading
ОДБЕЛЕЖАНИ 106 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ

ОДБЕЛЕЖАНИ 106 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ

Со букети свежо цвеќе и кратко потсетување на настанот од 1913 година, пред споменикот на жртвите во Паркот „Полана“ беше одбележана 106 годишнината од „Тиквеќкото востание“.

Букети свежо цвеќе положија делагациаа од Општината, Советот, Здружението на борците и политички субјекти.

За настанот зборуваше виш кустос историчарот Марија Михова од Музеј-Галерија Кавадарци, која пред присутните потсети на настаните од историското минато на Кавадрци.

Притоа нагласи: „Со палење сигнални огнови во тиквешките села, на денешен ден, 19 јуни во 1913 година почнало Тиквешкото востание против новиот српски окупатор кој ја заменил османлиската окупација на Македонија, по Првата балканска војна.

Тоа е прво организирано вооружено востание на македонскиот народ по Илинденското кое, поради разни причини, било долго премолчувано и од историчарите“.

Тиквешкото востание траело седум дена и толку траела слободата на Кавадарци и Неготино и повеќе села од тиквешкиот регион. Македонските востаници ги ослободиле градовите Кавадарци и Неготино, како и педесеттина села од тој крај.

Востанието било крваво задушено, загинале или биле убиени повеќе од 1.000 Македонци, а околу 2.700 биле затворени. Притоа биле изгорени околу 1.000 куќи и дуќани, пред се во Кавадарци и во Неготино.

По повод 100 години од востанието во 2013 година Општина Кавадарци подигна споменик, дело на академскиот уметник од Кавадарци: Кирил Мукаетов. Автор на постаментот е неговиот колега Димитар Самарџиев.

Loading