Во организација на Созузот за училишен спорт, Општина Кавадарци-Локалана самоуправа, и Општнскит совет за безбедност во сообраќајот денеска во Кавадарци по петти пат беше одржана манифестацијата СИТЕ НА ВЕЛОСПИПЕД. Споредено со лани, бројот на учесниците е дуплиран, за велоспедост станува составен дел на животот во Кавадарци, не само кај младите. И порака од ова средба на која зборуваа градоначалникот Митко Јанчев и претседетелот на Советот за безбедност во сообраќајот Љупчо Лазов е помалку да се возат автомобилите а повеќе велоспедите. Милан Колев од Сојузот за учичишен спорт на Кавадарци исто така им се обрати на учесниците а се одржа и богата лотарија со главна награда велоспед.
Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанчев синоќа оствари средба со Амбасадорот на Република Унгарија во анашата земја Неговата екселенција Ласло Дукс. Посетата беше дел од културен настан во Градската галерија каде беше отворена изложбата на уметнички фотографии „Приказни од Будимпешта”.
Градоначалник Митко Јанчев, ги поздрави присутните притоа изразувајќи задоволство од соработката на општината со унгарската амбасада која е потврдена и докажана во повече наврати.
Во обрачањето пред присутните Амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Дукс изрази големо задоволство што е во Кавадарци. Притоа истакна: „Повеќе причини има за оваа низа на настани. Дваесет и пет години од воспоставувањето на дипломатски односи, дваесет години од нашата амбасада во Скопје, дваесет години сме членка на НАТО и петнаесет години на Европската Унија. Односите помеѓу амбасадата и општината се многу добри и имавме низа заеднички културни настани, рече амбасадорот, изразувајќи благодарност до градоначалникот, директорот, Дирекцијата за уметност на град Скопје, која помагаше во организацијата на настанот“.
Директорот на Домот на културата, Александар Малинков истакна: „Ова е дел од еден поширок проект кој опфаќа области од културата и уметноста. Се должи на претходните добри искуства и долгогодишна соработка“, рече Малинков.
Изложбата на уметнички црно-бели фотографии синоќа беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Претставени се двајца унгарски фотографски уметници, Имре Кински и Ото Кајзер. Првиот творел најактивно во триесетите години од минатиот век во Будимпешта, прерано починал како жртва на холокаустот во 1945 година. Вториот, е наш современик.
Во музичкиот дел од настанот Кавадаречкиот професор по музика, Стево Волчев на хармоника се претстави со класичното дело „Унгарски танц“ од славниот унгарски композитор Бела Барток.
20 мај од осамостојувањето на Македонија во 1991 година се одбележува како ден на пожарникарите во Македонија. Кавадаречката протривпожарна единица денеска се вклучи во одбележувањето. Низ улиците на градот се одржа парада на која беа претставени возилата со кои располага единицата која сега покрај со опрема е и кадровски комплетирана. Прославата на денот на пожарникарите продолжи во противпожарната зграда каде исто така за приустните беше претставена опремата со која располага единицата. За историскиот развој на против пожарната единица Кавадарци, говореше Александар Чадамов. Тој нагласи дека во наредниот период ќе пристигне и нова опрема која веќе е порачана. Се заблагодари на градоначалникот и бизнис секторот кои помогнаа во реновирањето и опремувањето на единицата.
– За прв пат после 60 години е реновирана зградата на против пожарната единица, а и значително е подобрена опременоста со која располагаме. Веќе е набавена нова опрема и очекуваме во наредниот период да пристигне, рече Чадамов.
Градоначалникот Митко Јанчев, честитајќи им го денот на пожарникарите нагласи дека веднаш по превзермањето на функцијата ги согледал потребите за противпожарната единица и се започнало со нејзино опремување, но и целосно реновирање на зградата која им е втор дом на пожарникарите.
Заменик градоначалникот на Кавадарци д-р Никола Трендафилов денеска оствари средба со г-ѓа. Катрин Фриинсфелд раководител на одделот за култура и образование при амбасадата на СР Германија во Скопје.
Повод за средбата беше отворањето Фестивалот на новиот германски филм во рамкитена неделата на германскиот филм во Кавадарци. По пауза од една година оваа значајна манифестација се враќа во нашата земја. Почнувајќи од 13 мај па до крајот на оваа недела публиката во Кавадарци ќе има можност да проследи осум филмови од најновата германска филмска продукција, меѓу нив и филм добитник на сребрена мечка од годинешното „Берлинале“.
Во салата на Домот на културата ќе бидат прикажани осум долгометражни филмови од кои 3 се за деца.
Целта на фестивалот е зближување на германската и македонската култура преку 7 уметност и запознавање на нашата публика со најновата германска филмска продукција.
На средбата покрај заменик градоначалникот Трендафилов и госпоѓата Фриинсфелд присуствуваа и г-ѓа. Хаике Јовеска од одделот за култура, како и Александар Малинков директор на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци.
На 08.05. 2019 година се одржа Општински Еко Квиз во организација на Општина Кавадарци, ЕУРО НИКЕЛ и ЕД Тисовец, а реализиран со учениците од петто одделение од шесте основни училишта од Општина Кавадарци, кој е единствен во државата.
Овој проект Еко квиз произлезе од должностите и обврските на сите членови на заедницата и не случајно е избрано партнерство помеѓу Општина Кавадарци, ЕД Тисовец и Еуроникел ( поранешен Фени) Индустри.
Целта на проектот е вложување на континуирани напори за учество на повеќе оштествени субјекти во градењето на концепт за соодветно еколошко и општествено одговорно однесување од најрана возраст и се очекува да има влијание врз формирање на елементарни еколошки навики кај учесниците во целокупниот процес. Проектот не се заснова на законски обврски ,но проектните активности имплицитно се во врска со проблематиката која се регулира со Законот за основно образование и Законот за заштита на животната средина.
Со оглед на целта на овој проект се едуцираа над 2300 ученици кои учествуваа во квиз натпреварите за период од пет години (5), со висока мотивираност.
Успешно се промовираше принцип на партнерство – проектот се имплементираше врз принципот на синергија – заеднички планирани, усогласени и спроведени активности и рокови. Се иницираше актуелна тема и проблематика, екологија и животна средина, за која учениците ќе стекнат поголемо знаење кое ќе им помогне да изградат свои навики и ставови,градење на проактивен пристап, навики и став за еколошки прашања.
Дел од најмладата популација од општеството (сите деца од 5-тто одделение) на организиран и структуриран начин имаа можност да научат многу за прашањата од областа на екологијата и заштитата на животната средина врз основа на материјал, стручно подготвен врз основа на валидни извори (учебници, енциклопедии, официјални податоци). Ова знаење ќе им биде основа во градењето на еколошки навики и проактивен став кон предметната проблематика.
Со проектов се постигнуват целите и се реализираат заложбите на граѓаните за почиста и побезбедна животна средина.
Проектот ќе продолжи да се реализира и во наредните години со тенденции да стане регионален и државен квиз натпревар во основните училишта
Од шест екипи од по тројца ученици кои ги претставуваа 6-те основни училишта кои се докажаа во селекција од 376 учесника , прво место освои екипата на ООУ Тошо Велков Пепето, второ место ООУ Димката А. Габерот Кавадарци. Учесниците добија пофалници, дипломи и прикладни награди а првонаградените таблети.