Категорија: Настани

Показна вежба “Брз одговор 23”

Показна вежба “Брз одговор 23”

Во посета на Општина Кавадарци беа амбасадорката на САД во Македонија г-ѓа Ангела Агелер и министерката за одбрана г-ѓа Славјанка Петровска.

Заедно со градоначалникот Митко Јанчев беа присутни на вежбата на која учествуваа припадници од Армиите на Република Македонија, САД, Република Албанија, Република Црна Гора и безбедносните сили на Косово. Цел на вежбата е подобрување на сојузничките воени способности, интероперабилноста на сојузниците и партнерите и преку демонстрација на висока подготвеност да влијае на одвраќање на било кој вид на малициозни активности од потенцијалните противници. Беа презентирани оклопни возила, борбени возила, како и натпревари во уличен баскет во кои земаа учество над 10 групи, каде што присуствуваа и претседателот на КФСМ Перо Антиќ и Тодор Гечевски.

 
Врачена плакета на Градоначалникот Митко Јанчев за ,,Менаџер за 2022 година”

Врачена плакета на Градоначалникот Митко Јанчев за ,,Менаџер за 2022 година”

Директорот на весникот Вечер и порталот vecer.press г-дин Бобан Богдановски Андрески, на градоначалникот Митко Јанчев му е врачена плакета ,,Менаџер за 2022 година”, за особен придонес во развојот на Општината и на компанијата Кожувчанка.

Весникот Вечер по повод јубилејот од 60 години, оваа година, ова високо признание го додели на 7 менаџери на престижни компании за постигнати резултати во своето работење.

Градоначалникот во оваа прилика изјави ,,Од весникот Вечер и порталот vecer.press како најпрестижни и најобјективни, сум пријатно изненаден за изборот на менаџер за 2022, а уште попријатно изненаден од присуството на денешните гости директорот Бобан Богдановски Андрески и главниот уредник Весна Миќиќ Божиновска и тоа што лично ми ја врачија оваа плакета. Мотивацијата од објективноста на луѓето е мој најголем предизвик за понатамошно работење”.

 Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК Тиквеш 2014 Кавадарци

 Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со раководството и ракометарите на ГРК Тиквеш 2014 Кавадарци

Тие му се заблагодарија за безрезервната поддршка која тој ја дава како човек и градоначалник, а и секако на Локалната самоуправа која преку реализираните проекти во областа на спортот значително ги подобри условите за младите и спортот во Кавадарци.

По тој повод како благодарност од нивна страна градоначалникот Митко Јанчев доби уникатен подарок односно дрес со посвета: ,, Овој Тиквеш не би бил онаму каде што е да не сте вие, за се што направивте и правите, за ракометно Кавадарци, за спортско Кавадарци’’
Од срце ви благодариме г-дин Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци.

Во оваа прилика тој им честиташе за досегашните успеси, и им посака многу среќа во иднина бидејќи се сериозен кандидат за излез во Европа, да продолжат да се редат успеси

бидејќи Кавадарци е спортски град, а клубот заслужува и сите настојувања ќе бидат и во иднина да се натпреварува во највисоката ракометна лига.

ОДБЕЛЕЖАН ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК Св.„ТРИФУН“

ОДБЕЛЕЖАН ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК Св.„ТРИФУН“

Традиционално закројување на винова лоза во знак на денешното празнување и прошетка по изложбените штандови со вино и производи од вино, на Градски плоштад Кавадарци! Како, ако не со она што не одржува низ вековите, македонско оро, во изведба на нашите културни амбасадори Фолклорниот ансамбл Тиквеш!

Уште еднаш ви го честитаме празникот Свети Трифун.

Наздравје и за многу години!

Работен состанок на Градоначалникот за реализација на идни проекти во Вардарски плански регион

Работен состанок на Градоначалникот за реализација на идни проекти во Вардарски плански регион

Градоначалникот Митко Јанчев во просториите на Општина Кавадарци имаше и работен состанок со министерот за Локална самоуправа Ристо Пенов, градоначалниците на општините Велес, Неготино и Свети Николе, директорот на Вардарски плански регион, со претставници од Амбасадата на Република Турција во Македонија, како и членови на управниот одбор на македонско – турската стопанска комора на кој се разговараше за можностите за идна соработка се со цел реализација на идни проекти кои што би значеле развој на Вардарски плански регион.Од страна на градоначалниците беа презентирани можностите за развој на нашиот регион, додека од страна на официјалните претставници од управниот одбор на МАТТО беа презентирани развојните проекти на ниво на цела држава.