Категорија: Настани

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ СПОРИСТИ И  СПОРТСКИ КОЛЕКТИВИ ВО 2018

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ СПОРИСТИ И СПОРТСКИ КОЛЕКТИВИ ВО 2018

На скромна свеченост во големата сала на општината, се одржа прогласувањето на Спортсист на годината за 2018.

Благица Колева џудист, освојувач на бронза од Балканското првенство во џуда одржано во Кавадарци ја понесе титулата најдобар спортист сениор за 2018 година.

Во колективните спортови признанието му припадна на карате клубот „Сансаи“, додека за најдобар млад спортист беше прогласена каратистката Владанка Аврамова од истиот клуб. Титулата најдобар млад колектив му припадна на ЖКК „Трокал“ М14 .

За најдобар тренер беше прогласена Ивана Аврамова од КК „Сансаи“, а Трајче Димитриев од ГФК „Тиквеш 1930“ го доби признанието најдобар спортски работник.

На свеченоста на која наградите ги доделија градоначалникот Митко Јанче, фудбалерот Даниел Мојсов, поранешниот кошаркар Никола Златев и претседателот на Советото Ристо Сакалиев беа доделени пехари, медали и благодарници на вкупно 35 наградени во категориите, таленти, јуниори и сениори.

Посебни благодарници беа доделени на градоначалникот м-р. Митко Јанчев за помагање, развој и унапредување на спортот, како и на Полциската станица од општа надлежност Кавадарци.

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД „ГАБЕРОТ“ ВО ВАТАША И КАВАДАРЦИ

Денеска Дедо Мраз делеше новогодишни пакетчиња во двете Основни учлилипта кои го носат името на  првоборецот „Димката Ангелов-Габерот“.

Најмладите од училиштата во Кавадарци и Ваташа се потрудиле да подготват  програма која доликува за ова весела атмосфера.Така беше и  во двете уличишта. Сепак децата беа најрадосни со доаѓањето на Дедо Мраз.

Само децата знаат и умеат да направат ноговодишна атмосвера каква што можевме да гледаме денеска па и деновиве во училиштата и градинката во Кавадарци. Дедо мраз и баба мразица со насмевка ги поздравија децата и им подарија пакетчиња.

На денешниот последен ден од програмата за доделување новогодишни пакетчиња во образовните установи градоначалникот Митко Јанчев  уште еднаш посочи дека и во наредната 2019 година ќе има и други вложувања во образовните институции со цел нивно унапредување и осовременување во функција на настаниот процес и образованието.

НОВОГОДИШНИ ЌЕСИЊА ЗА КОРИСНИЦИТЕ ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР

НОВОГОДИШНИ ЌЕСИЊА ЗА КОРИСНИЦИТЕ ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР

Предновогодишните посети на градоначалникот Митко Јанчев на воспитно образоввните установи продолжија и денеска. Дедо Мраз и градоначалникот ги посетиа корисниците во Дневниот центар на кои им подарија слатки новогодишни пакетчиња.

Во новогодишна атмосфера домаќините и гостинот уживаа во новогодишните и божиќните песни.

Корисниците на дневниот центар побараа од градоначалникот општината да им овозможи услови за прошетки надвор од Кавадарци. Нивна желба беше да го посетата Охрид догодина напролет. Градоначалникот им вети дека оваа нивна новогодишна желба ќе биде исполнета, а во текот на годината и надополнета се неколку други дестинации.

СЛАТКИ ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „ГРОЗДОБЕРЧЕ“

СЛАТКИ ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „ГРОЗДОБЕРЧЕ“

Предновогодишно, Дедо Мраз и градоначалникот Митко Јанчев ги посетиа децата од централната градинка „Гроздоберче“ при детската установа „Рада Поцева“.

Новогодишни пакетчиња бе поделени на децата од големата и малата група, а со претставата „Каде е Дедо Мраз“ најмладите уживаа во пред новогодишната приказна.

На гостинот децата му подарија слика изработена од нивните раце со помош од воспитувачките.

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА И ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО „ПЕПЕТО“ И „СТРАШО ПИНЏУР“

Предновогодишните посети на градоначалникот Јанчев во основните училиште продолжуваат.

На вториот ден од програмата Јанчев во придружба на Дедо Мраз ги посети училиштата „Тошо Велков-Пепето“ и „Страшо Пинџур“. И во двете образовни установи домаќините приредиа кратка програма исполнета со песна и игра посветени на престојните новогодишни и божикни празници. Во двете училишта ученици на гостинот му врачиа новогодишни честитки изработени од нивните раце.

Дедо Мраз и градоначалникот во името на општината на учениците од прво до петто одделение им додели новогодишни пакетчиња.

Посебни емоции предизвика средбата на Дедо Мраз и градоначалникот Јанчев со децата од специјалната паралелка во основното училиште „Страшо Пинџур“. И овде домаќините подготвија програма посветена на нова фодина, а особена радост покажаа кон дедо мраз и подароците.