Категорија: Настани

ДОНАЦИЈА НА ЛАЈОНС КЛУБОТ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ

ДОНАЦИЈА НА ЛАЈОНС КЛУБОТ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ

Хуманитарното Здружение  Lions klub  „Тиквеш“ донираше  6 радио станици за Територијалната против пожарна единица Кавадарци. Донацијата ја примиа градоначалникот Митко јанчев и командирот на ТППЕ Александар Чадамов.

Радио станици ќе се користат за непречена врска меѓу пожарникарите при интервенции за гаснење на пожари. Донацијата покрај радио станици се состоеше и од мајци за целиот состав на Противпожарната територијална едница Кавадарци. Ова нова опрема ќе биде добредојдена за членовите на противпожарниот тим, за поефикасно дејствување.

Градоначалникот Митко Јанчев, се заблагодари на  донаторите, притоа акцентирајќи го значењто на ова единица за интервенција при пажар. Јанчев истакна „Ако само се направи ретроспектива во какви услови работеше пред една година, а каква е состојбата сега, напредокот на целата ТППЕ, не може ниту да се спореди. Со вложување на средства на Локалната самоуправа и неколкуте донации кои ги имаше, единицата  доби одлични услови за престој и чување на техниката и возилата со кои располага и стана вистински пример како треба да изгледа една територијална едница од ваков тип“.

Претседателот на  Lions klub  Тиквеш Мишо Митрев, кажа дека тие и понатаму ќе продолжат да прават добри дела, на субјекти како нашата ТППЕ и на индивидуалци кои се социјално загрозени. Впрочем затоа и постои нивното здружение. Тие досега покажале дека вредат, а заедницата  на повеќе наврати тоа им го потврдила.

На донацијата се заблагодари Александар Чадамов командир на кавадаречката територијална против пожарна единица

УЧЕНИЦИ ОД ВАТАША НА ЧАС ПО ЛИЗГАЊЕ

УЧЕНИЦИ ОД ВАТАША НА ЧАС ПО ЛИЗГАЊЕ

Неодамна отвореното лизгалиште во рамките на Спортскиот центар „Јасмин“ секојдневно го оправдува своето постоење. Идејата на градоначалникот Јанчев да се отвори лизгалиште со двојна намена како јавна површина за одвивање настава по физичко воспитување и како комерцијален објект секојднево се потврдува како издржан и одржлив проект.

Денеска стотина ученици од ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ од Ваташа имаа час по физичко воспитување методска единица лизгање.

Задоволни и насмеани детски лица, на вештачкиот мраз под отворено небо ги совладуваа основите на лизгањето. Вакви часови до крајхот на првото полугодие че одржуваат и учениците од вишите одделенија од сите кавадаречки училишта. Инаку идејата на Јанчев се слушна и кај соседите

па на барање на неготинчани и децата од соседниот град ќе имаат можност за настава по лизгање.

Инаку во вечерните часови кога лизгалиштето работи комерцијално во просек има до 800 лизгачи.

Идејата на Јанчев ја подржаа и општествено одговорните компании „Кожувчанка“ и „Црна река Петрол“ кои ја набавиа опремата за вештачки мраз и лизгалиштето.

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД  ООУ „ТОДЕ ХАЏИ-ТЕФОВ“

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ТОДЕ ХАЏИ-ТЕФОВ“

Пред влезот на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ Дедо мраз и градоначалникот на општината Митко Јанчев на учениците од 1 до 5 одделени им доделија новогодишни пакетчиња. На средбата присуствуваа наставници, ученици од дручите паралелки како и родители на учениците. Со него беше и Баба мразица.

Градоначалникот Јанчев на децата им посака среќна нова година, успех во училиштете, а воедно потсети и на неговата заложба за грижа за децата во создавањето на подобри услови за функционирање на општинските образовни институции. Во знак на благодарност децата на Јанчев му врачиа новогодишна честитка изработене и потпишана од нив.

И овде децата се претставиа со пригодна новогодишна програма.

ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА И ПАКЕТЧИЊА ВО ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА И ПАКЕТЧИЊА ВО ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Градоначалникот  на Oпштина Кавадарци м-р. Митко Јанчев ја започна традиционалната пред новогодишна посета на општинските основни училишта.

Почнувајќи од денесак Дедо мраз во име на градоначалникот и општината на учениците од нижите паралелки им додели новогодишни пакетчиња.

Централната приредба во ООУ „Гоце Делчев“ се одржа во холот на училиштето, каде пред доделувањето на слатките новогодишни пакети за гостите и присутните  беше организирана кратка пригодна програма во која дцата пееа и играа на традиционалните новогодишни и божиќни песни. Најмладите се потрудија да подготват соодветна новогодишна програма со која на убав, позитивен начин, со насмеани лица посакаа остварување на детските желби.

СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СОВЕТИТЕ НА ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ ВО КАВАДАРЦИ

СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СОВЕТИТЕ НА ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ ВО КАВАДАРЦИ

Претставници од советите на Општините: Чаир, Карпош, Куманово, Струмица, Свети Николе, Велес, Валандово и Кавадарци денеска имаа работна средба за вмрежување на советници, а со поддршка на членовите на тимот на Проект: Зајакнување на општинските совети на УНДП.

Средбата се одржа на иницијатива на Претседателот на општинскиот Совет на Кавадарци  Ристо Сакалиев. Тема на средбата беше размена на искуства и практики во локалната самоуправа на национално ниво, споредено со други регионални и меѓународни позитивни практики кои се применуваат во системите на локална самоуправа и децентрализација во духот на соработка и вмрежување меѓу учесниците – општинските советници и претставниците на УНДП и Вардарскиот Плански регион.

На присутните им се обрати градоначалникот  на Кавадарци м-р. Митко Јанчев. Тој говореше за начинот на функционирање на општина Кавадарци, клучни предизвици и постигнувања во работата, со посебен осврт на активностите на општинскиот Совет. Градоначалникот зборуваше  и за фунционирањето на Општината, посебно за искуствата и позитивните страни од проектот „Мој Општинар“. Јанчев ги запозна присутните и со другите форми на финкционирање на општинската администрација, за позитивните искуства од зголемената наплатата на даноците, санирањето на комунални проблеми, како и за решавање на проблемите од долгорочен и краткорочен карактер.

Претседателите на Советоте и дригите присутни се интересираа за начинот на елеминирање на административните и бирократски бариери во Општината Кавадарци која за една година е пример во Македонија, како партиските и други разлики, се надминуваат  за сметка на ингреесите на граѓаните.