Категорија: Настани

РАЧНИ ЧАСОВНИЦИ ЗА 9 КАВАДАРЧАНИ

РАЧНИ ЧАСОВНИЦИ ЗА 9 КАВАДАРЧАНИ

За прв пат годинава Градоначалникот Александар Панов и општината Кавадарци го променија пристапот и профилот на наградата која традиционално се доделува на почетокотод годината. Годинава тие го проширија бројот на оние граѓани кои добија награди и признанија како заслужни за придонес и афирмација на нивната професија и личност во разни области во градот.

Градоначалникот Александар Панов во кабинетот прими деветмина кавадарчани кои со својот ангажмани и пристап кон работата оставија своевиден белег во неколку област од општествениот живот. Тој ги прими 9-мината кавадарчани кои ги награди со рачен часовник. Признанијата ги добија: најмладиот и највозрасниот редовен читател во Библиотеката Фетик, Маричка Димова и Марија Лазова. Пожарникарот Митре Витанов. Од образованието наградата или поризнанието отиде во рацете на Елизабета Филипова. Наградени беа: ликовниоит уметник и педагог Кирил Мукаетов, полицаецот Зоран Ѓорѓијоски, врабнотениот во ЈП„Комуналец“ Енвер Муниши, студентот Билјана Костова која во меѓувреме и се вработи во АД „Гоце Делчев-Тиквеш„ и спортистот Петар Ангелов-Диви„-познат ракометен голман.

„Ова го правиме за првг пат и сметаме дека е добро, бидејки опфаќаме наши граѓани ангажирани во повеќе области во животот на градот. Се работи за личности кои на предлог на Синдикатот, менаџементот, или по наше согледување во текот на ланската година дале личен придонес за афирмацијата и развојот на градот Кавадарци“, рече градоиначалникот Александар Панов.

На средбата во пријатен разговор Панов размени мислења со најдобрите, слушна и по некоа барање за негова интервенција, се интересираше за функционирањето на дејностите од каде доаѓаат наградените и посака да остваруваат уште подобри резултати во работењето.

Завршна работилница од прекуграничниот Проект „Бизнис информативен и иновативен центар и MICE акција“

Завршна работилница од прекуграничниот Проект „Бизнис информативен и иновативен центар и MICE акција“

Општина Кавадарци и општина Едеса во периодот од 24 ноември во Едеса и  28 и 29 ноември  2016 година во Кавадарци  ќе организираат низа активности во рамките на проектот Бизнис информативен и иновативен центар. Домаќин на овој настан е општина Кавадарци.

РАБОТИЛНИЦА ЗА КОРИСНИ ПРАКТИКИ НА ЕУ ЗА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТКИ

РАБОТИЛНИЦА ЗА КОРИСНИ ПРАКТИКИ НА ЕУ ЗА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТКИ

Општина Кавадарци во рамките на проектот ,,Но ГАП,, учествува на меѓународната конференција за општините. Конференцијата се одржува во Валенсија -Шпанија. Во проектот учетвуваат делегации од општини од Словенија, Шпанија, Италија, Литванија, Латвија, Кипар, Бугарија, Србија и Словачка. Кавадарци е единствена општина од Македонија вклучена во овој проект кој е финансиран од Европската унија, програма „Европа за граѓаните”.

На конференцијата се обработуваат следниве теми: Општинските асоциации како модел за одржлив развој, Добри практики и искуства на шпанските општини. Партиципаторната демократија клучен елемент за локалниот еконмски развој. На работилницата ќе се обработи и темат Партиципаторната демократија во европските институции во решавањето на проблемите од областа на социјалната сфера и решаванњето на невработеноста, по што ќе следи Размена на искуствата помеѓу општините учеснички

Проектот започна на 1 јануари 2016 година и ќе трае 2 до 5 години. Мрежата ќе стимулира нови размислување за смислата на Европската унија, со што Европската Партиципаторна демократија ќе се претставува пред граѓаните на идните земји членки.

„Што можат 14 партнери од 9 земји од ЕУ + 3 земјите партнери, Македонија, Србија и Албанија, за да се одговори на потребите на нивните заедници за подобро разбирање на значењето на поимот „Европско граѓанство” и, во исто време, директно да придонесат за изградбата на иднината на ЕУ?, е клучното прашање на оваа работилница.

Одговорот е “Не-ГАП: мрежата на организации и градови која ќе расте преку активно учество”, мрежа на 6 општини, 2 националните асоцијации на општините, 1 Агенцијата за општините и 5 организации на граѓанското општество. Таа е создадена со намера да отвори дискусија околу ЕУ, со што недовербата на граѓаните ќе се претвориво простор за подобро разбирање на ЕУ, нејзините институции и нејзиниот систем на Партиципатиорната демократија. На овој начин тие ќе научат како да се направи нивниот глас да се чуе на европско ниво и како директно да придонесат за иднината на Европа. Што е уште поважно, најдобрите практики на локалните самоуправи  со активно учество ќе бидат разменети меѓу партнерите.

ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ ДОБИ НОВ ПРИЈАТЕЛ ВО ГРАДСКАТА ОПШТИНА ПАНТЕЛЕЈ ОД НИШ – СРБИЈА

ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ ДОБИ НОВ ПРИЈАТЕЛ ВО ГРАДСКАТА ОПШТИНА ПАНТЕЛЕЈ ОД НИШ – СРБИЈА

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и градоначалникот на градската општина Пантелеј од Ниш, Братимир Васиљевиќ потпишаа Меморандум за соработка на двете општини. Со чинот на потпишувањето на зедничкиот документ што се случи во рамките на возвратната посета на градоначалникот на Кавадарци на општината Пантелеј, се означи почетокот на нова меѓународна соработка на општината Кавадарци.

По чинот на потпуишувањето на документот за соработка кавадаречкиот градоначалник посочи: „Ова е почеток на мошне значајна соработка на општината Кавадарци со пријателска општина во Србија. Блискоста на двата пријателски народи пред се во менталитетот е основата на која е базира нашата нова соработка. Морам да нагласам дека при ваквите настани на официјализирање на нова соработка мој приоритет секокаш е воспоставувањето на економските врски. Соработката во културата и спортот  секогаш се лесно остварливи, но вистинската соработка е вовоспоставувањето на нови и обновувањето на старите економски врски во економијата. Затоа веќе на наредната средба која ќе се случи мошне бргу главниот збор ќе го имаат бизнисмените преку контакти на Регионалната стопанска комора од Кавадарци и нивните партнери од Ниш Република Србија“.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД ТИКВЕШКО СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО

ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД ТИКВЕШКО СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО

Голем број земјоделци од Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија учествуваа во обуката за органско земјоделско производство организирана од Центарот за развој на вардарски плански регион. Предавањата се одрѓаа во големата сала на општина Кавадарци

Обуката е дел од проектот на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП, имплементирана од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Проектот е насловен „Поддршка и промоција на препознатливо стопанско туристички настани и мапирање на форми на рурален туризам”.

Целта на оваа обука е да се соберат сите индивидуални земјоделци од Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман, кои произведуваат земјоделско  производство и да се запознаат со сите бенефити на самото органско производство. Органското производство е тренд во денешно време. Оваа обука е последна во оваа сесија на обуки кои ги одржува Центарот за развој при Вардарскиот плански регион, откако претходно имавме слична ваква обука наменета за микрорегионот Свети Николе и Лозово, рече во изјава за медиумите,  Снежана Митрова од Вардарски плански регион. Предавач беше агрономот Иван Стојанов.

„Органското производство претставува систем кој го одржува здравјето на почвата, екосистемот и луѓето. Се базира на еколошки процеси, биодиверзитет и производство прилагодено на локалните услови со ограничена употреба на инпути. Органското производство е тренд во светот, а е комбинација на традиција и новитети во науката,  со цел за остварување на заедничка корист и промоција на фер односи и добар квалитет на живот за сите кои се вклучени во овој систем на производство“ рече меѓу другото Стојанов пред земјоделските производители.