Категорија: Настани

Работен состанок на Градоначалникот Митко Јанчев со директорот на Агенција за управување со одземен имот Фатон Асани

Работен состанок на Градоначалникот Митко Јанчев со директорот на Агенција за управување со одземен имот Фатон Асани

Денес во посета на Општина Кавадарци и на работен состанок со Градоначалникот Митко Јанчев беше директорот на Агенција за управување со одземен имот г-дин Фатон Асани. На состанокот се разговараше за одземените возила кои се транспортираат во депото на РЦ Југ. За зголемениот број на одамна одземени возила кои во поголем број веќе се старо железо треба да се најде решение за нивно дислоцирање. Ова беше денешната тема на разговор на градоначалникот Јанчев и директорот Асани. Се со цел заштита на животната средина и чистење на хаварисаните и стари возила , се наоѓа решение за нивна дислокација од територијата на Општина Кавадарци.

 

Вицепремиерот Љупчо Николовски во работна посета на општина Кавадарци

Вицепремиерот Љупчо Николовски во работна посета на општина Кавадарци

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска беше во работна посета на Кавадарци. Се сретна со претседателот на Основниот суд, д-р Лазар Нанев и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во поширока изјава за медиумите Николовски информираше за разговорите во Кавадарци, но и за активностите кои се насочени во борбата со корупцијата и криминалот.

 

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНАТОТ НА ГРАДИНКАТА  „РАДА ПОЦЕВА“

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНАТОТ НА ГРАДИНКАТА „РАДА ПОЦЕВА“

Делегација на општина Кавадарци предводена од градоначалникот м-р Митко Јанчев  положи свежо цвеќе пред бистата на првоборецот од НОБ Рада Поцева-Дафина, по повод одбележувањето на 59 годишнината од нејзината смрт. Во име на установата Детска градинкс „Рада Поцеве“ цвеќе пред бистата во Паркот на револуцијата положи директорката Цанка Добринова.

Во општинската делегација беа секретарот на општината Тдоро Ефремов, членови на Советот, како и вработени во градинката.

Кусо обраќање пред присутните за животот и делото на патронот имаше директорката на градинката.

OОМБУ „Лазо Мицев Рале“ го одбележа патрониот празник – се отвора паралелка за средно образование

OОМБУ „Лазо Мицев Рале“ го одбележа патрониот празник – се отвора паралелка за средно образование

Градоначалникот Митко Јанчев, секретарот на општината, претседателот на советот и советници, Делегации од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“,   денеска положија свежо цвеќе на спомен бистата на патронот. Со тоа почна одбележувањето на патрониот празник на училиштето.

Директорот, Златко Јованов се осврна на досега сработеното и најави дека добиена е согласност за отворање на паралелка за средно образование.

Градоначалникот Митко Јанчев честитајќи го патрониот празник нагласи дека музичкото училиште во Кавадарци е расадник на млади таленти и е од големо значење за општината. Најави дека од мај ќе започне уписот на ученици за средно музичко образование во новата паралелка што ќе се отвори.

На денешното одбележување на патрониот празник беа прогласени и учениците првенци на генерација. Од класата по пијано кај професор Весна Павлова првенец на генерацијата е Иван Стојанов. Од класа балет кај проф. Билјана Грозданова првенец е Тијана Спанџова. Костадин Мишев е ученик првенец на геренација од класата по традициски инструменти кај проф. Горан Јанев, Стеван Мустеников во класата по хармоника кај проф. Стеван Волчев, Илина Бошева од класата пијано кај проф. Ѕвонко Богев и Бени Шаќири првенец на генерација од класата по кларинет кај проф. Александар Ангелов. За 10 години работен стаж во училиштето беа наградени педагог Јасминка Кузманов и професорот по кларинет Лазар Соколов.

Беше изведена и кратка музичка програма од учениците.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ СЕ ВКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СВЕСНОСТА ЗА АУТИЗМОТ

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ СЕ ВКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СВЕСНОСТА ЗА АУТИЗМОТ

Градоначалникот м-р. Митко Јанчев, претседателот на советот Ристо Сакалиев и општинската администрација денеска на платото пред општинската зграда симболично со пуштање во воздух на сини балони, го одбележаа втори април Светскиот ден на свесноста за аутизам.

Во изјавата Јанчев истакна дека општината  е  со јасна определба во заштитата и почитувањето на правата на лицата со аутизам, посочувајќи дека: „Денешниот ден не постетува дка околу нас има лица кои не треба оттргнеме од вкупните процеси во општетството, нута пак да ги заборавиме“.