Категорија: Настани

Донација на опрема во Територијалната противпожарна единица Кавадарци

Донација на опрема во Територијалната противпожарна единица Кавадарци

Денес од страна на Дирекција за заштита и спасување е донирана опрема на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Донацијата вклучува: еден сет воздушни перници за кревање на терет,еден сет хидраулични потпирачи за стабилизирање на тешки и лесни возила, како и за стабилизирање на урнатини од земјотрес. Голема благодраност до Дирекцијата за заштита и спасување за оваа донација. Со оваа опрема нашата Противпожарна единица, која е една од најдобро опремените во државата, ги зголемува своите можности да им биде во корист на граѓаните на нашата општина.

Примопредавањето на донацијата го направија заменик директорот на Дирекција за заштита и спасување г-дин Зулфикар Зејнулаи и градоначалникот г-дин Митко Јанчев.

 

 

 

Одбележан празникот Свети Трифун во Тиквешијата – се закроија лозјата

Одбележан празникот Свети Трифун во Тиквешијата – се закроија лозјата

И покрај интензивните врнежи од снег, во Тиквешијата се испочитува традицијата за одбележување на празникот Свети Трифун. Се изврши симболично закројување на виновата лоза, со што започнуваат и операциите за производство на грозје од новата реколта.

Од музејот на виното во Кавадарци беше упатен благослов за богат и квалитетен род. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, пратеникот Панчо Минов и претседателот на советот Ристо Сакалиев денеска извршија симболично закројување на импрвизираната винова лоза во винскиот музеј, по повод празникот Свети Трифун.

Честитки до лозарите по повод големиот празник упати градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој порача заштитникот на виновата лоза Свети Трифун да го штити родот од новата реколта.
„ Посакувам оваа година да биде успешна за лозаропроизводителите со производство на квалитетно грозје, винариите да прават квалитетно вино и целиот труд да го добие заслуженото. Општина Кавадарци дава огромна поддршка и на малите семејни винарии кои со огромна љубов вложуваат во своите производствени капацитети со надеж за поголема промоција а во исто време и развој на туризмот во овој регион. Поминавме една тешка година која ќе ја паметиме долго. Денес симболично закројуваме со надеж за подобро утре. Иако спречени да го прославиме овој празник во поголеми размери, сепак сме тука да си посакаме желби за поуспешна година. Ви благодарам на сите кои сте денес тука заедно да наздравиме за бериќет и подобро здравје “ рече Јанчев.

Одбележан патрониот празник на СОУ “Киро Спанџов Брко” Кавадарци

Одбележан патрониот празник на СОУ “Киро Спанџов Брко” Кавадарци

СОУ “Киро Спанџов Брко” Кавадарци денеска го одбележа патрониот празник. На спомен бистата во кругот на училиштето цвеќе положија делегации од училиштето, градоначалникот Митко Јанчев, локалната самоуправа и членови на семејството Спанџови.

Онлајн дискусија и работилница на тема ” Дефинирање на индикатори за ризиците од корупција во јавните набавки на јавните претпријатија

Онлајн дискусија и работилница на тема ” Дефинирање на индикатори за ризиците од корупција во јавните набавки на јавните претпријатија

Денес беше одржана онлајн дискусија и работилница на тема ” Дефинирање на индикатори за ризиците од корупција во јавните набавки на јавните претпријатија”.
Настанот се организираше во рамките на проектот “Кон отчетни јавни претпријатија” кој се спроведува од страна на Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Кралството на Холандија.
Проектот предвидува градење на капацитети за борбата против корупција на 40 претпријатија основани од Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНАТА СО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНАТА СО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Денеска во кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев беше потпишан меморандум за соработка меѓу општината и македонскиот полициски синдикат.

Документот го потпишаа градоначалникот Јанчев во име на општината и Марјан Кицев претседател во името на македонскиот полициски синдикат.

Предмет на меморандумот е искрената намера на двете страни активно да соработуваат во насока на поддршка на активностите, како и на визиите во натамошното заедничко делување. Една од главните цели е подобрување на социјалниот статус на членовите на овој синдикат вработени во институциите столбови на безбедноста на државата.

Двете страни парафираа согласност и за заедничко делување и придонес на секоја од потписничките во рамките на своите надлежности и можности.