Категорија: Настани

Градоначалникот на Општина Пустец во посета на општина Кавадарци

Градоначалникот на Општина Пустец во посета на општина Кавадарци

Денес во посета на Општина Кавадарци беше Градоначалникот на Општина Пустец г-дин Пали Колефски. Беше остварена средба преку која се разменија искуства од работата на двете општини.
Исто така на средбата присуствуваше и агроном од Општина Пустец кој разговараше со агрономи од Општина Кавадарци и беа разменети искуства.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу здружението Форум ЦСУД и Општина Кавадарци

Потпишан Меморандум за соработка меѓу здружението Форум ЦСУД и Општина Кавадарци

Двете страни ќе соработуваат во процесот на изработка на документ „Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2021-2025 на Општина Кавадарци“. Овој процес ќе има за цел да обезбеди инклузивност и учество на граѓанскиот сектор во процесите на дефинирање на развојните активности и иницијативи на Општина Кавадарци, како и да создаде предуслови за креирање на ефикасни партнерства за поттикнување на граѓанскиот активизам во општината и за развој на локалните граѓански организации.
Документот ќе биде подготвен од страна на здружението Форум ЦСИД врз основа на процес на стратешко планирање со кој на консултативен и партиципативен начин, со значителна вклученост на граѓанските организации и општинската администрација ќе се идентификуваат сегашните и идните потреби на граѓанскиот сектор од Општина Кавадарци.

 

Техничкиот министер за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев во посета на Општина Кавадарци

Техничкиот министер за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев во посета на Општина Кавадарци

Денес во посета на Општина Кавадарци беше техничкиот министер за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев. Министерот откако беше на терен низ град Кавадарци , го посети и кабинетот на Градоначалник м-р Митко Јанчев. На средбата се разговараше за актуелните теми кои го засегаат граѓанското општество како и за состојбата во која се наоѓа Општина Кавадарци. Министерот се запозна и со реализираните проекти на општината кои се однесуваат на безбедноста на граѓаните.

Одбележана 107 годишнината од „Тиквеќкото востание“

Одбележана 107 годишнината од „Тиквеќкото востание“

Со букети свежо цвеќе, пред споменикот на жртвите во Паркот „Полана“ беше одбележана 107 годишнината од „Тиквеќкото востание“.
Тиквешкото востание е прво организирано вооружено востание на македонскиот народ по Илинденското кое, поради разни причини, било долго премолчувано и од историчарите.
Тиквешкото востание траело седум дена и толку траела слободата на Кавадарци и Неготино и повеќе села од тиквешкиот регион. Македонските востаници ги ослободиле градовите Кавадарци и Неготино, како и педесеттина села од тој крај.
Востанието било крваво задушено, загинале или биле убиени повеќе од 1.000 Македонци, а околу 2.700 биле затворени. Притоа биле изгорени околу 1.000 куќи и дуќани, пред се во Кавадарци и во Неготино.