Категорија: Огласи и соопштенија

Јавен повик за 2023 година за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Јавен повик за 2023 година за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Врз осова на член 113 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (“Службен гласник на Општина Кавадарци” бр. 08/2005…75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК 

          За прибирање предлог проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита и спасување на животна средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР  од буџетот на општина Кавадарци за  2023 година.

  

          Финансиските средства предвидени во Програмата G1 – Поддршка на ЛЕР/трансфер до НВО, од буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации од Општина Кавадарци за проекти во рамките на Стратегиските развојни документи на Општина Кавадарци за 2023 година, соодветни на приоритетните области и цели.

  • Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниов линк.

Документација

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/23 за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/23 за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци

Врз основа на член 17, 17-а 17-б, 17-в, 17-г 17-д, 17-ѓ, 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, … 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22), а врска со Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите, како и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија  (,,Сл.весник на РСМ“ бр.283/22) ,

Советот на Општина Кавадарци распишува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор за контрола на материјално –финансиското работење на Јавно претпријатие за превоз на патници ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ Кавадарци

бр.01/23

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК 

Предмет на Јавниот повик е избор на  еден член на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавно претпријатие за превоз на патници ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци од областа на финасиското работење, со мандат до истек на мандатот на членовите именувани со Решение со арх.бр.08- 3766/2 од 14.06.2022 година (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци,, бр.16/22).

Јавното претпријатие за превоз на патници ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ Кавадарци со седиште на ул.,,Маршал Тито“бр.2 во Кавадарци е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од областа на јавниот превоз на патници и превоз на ученици со основна дејност согласно НКД 49.39 – друг патнички копнен транспорт, неспоменат на друго место, со веб страна www.gpk.mk.

Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план

Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план

Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Спортски терени на отворено (картинг) со намена Д3.1 на делови од катастарските парцели: КП1276, КП1275, КП1262, КП1263, КП1264 и КП 1265, КО Ваташа, Општина Кавадарци.

 

Стратегија за безбедност во сообраќајот со акционен план во Општина Кавадарци

Стратегија за безбедност во сообраќајот со акционен план во Општина Кавадарци

Почитувани граѓани, 

Ве известуваме дека Општина Кавадарци во соработка со Министерството со транспорт и врски започна со изработка на статички документи со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот. Во прилг  е нацрт документот Стратегија и Акционен план, како и Анкетен лист каде би можеле да доставите коментар.

 

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје -архитектонско дело од монтажен тип

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје -архитектонско дело од монтажен тип

Врз основа на член 10 став 1 алинеја 1 и член 11, а во врска со член 18 став 3 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје -архитектонско дело од монтажен тип  бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен обележје – архитектонско дело од монтажен тип  бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/22 од 28.02.2023  година, објавува:

Ј А В Е Н   К О Н К У Р С
за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје
-архитектонско дело од монтажен тип

 ОПИС И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр 66/04,89/08,152/2015,103/21),согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје – архитектонско дело од монтажен тип  бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен обележje – архитектонски дело од монтажен тип   бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/22 од 28.02.2023  година, на ден 15.03.2023  година   распишува ЈАВЕН КОНКУРС  за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје -архитектонско дело од монтажен тип.За подигање на спомен обележјето Советот на Општина Кавадарци  има донесено Одлука .бр. 08-1313/22 од 28.02.2023  година  за подигање на спомен обележје – архитектонско дело од монтажен тип за чување, одржување, заштита и користење на спомен обележје – архитектонско дело од монтажен тип , составен дел на спомен обележјето посветени на 12 Ваташки Младинци

Идејниот проект Спомен обележјето – архитектонско дело од монтажен тип

треба да содржи: