Категорија: Огласи и соопштенија

СООПШТЕНИЕ За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација

СООПШТЕНИЕ За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2022 година, Глава IV, Точка 9, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација

и ПОВТОРНА Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за дел од УБ 10КСТАРО АНГРО“, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

-на север: осовина на СТ 1-станбена улица ул.„II БРИГАДА“

-на исток: осовина на СТ 2-станбена улица ул.„НАРОДНА МЛАДИНА“

 -на југ: осовина на СР 5-сервисна улица „ЉУБАШКА“,

 -на запад: осовина на пристапна улица ПР 1 и пешачка патека ПП 1.

Површината на планскиот опфат изнесува 0,66 ха.

 

ПОВТОРНАТА Јавна Презентација и ПОВТОРНАТА Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план  за дел од УБ 10КСТАРО АНГРО“, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                ПОВТОРНАТА Јавна анкета трае од 16.03.2023 до 22.03.2023  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

ПОВТОРНАТА Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  17.03.2023  година (Петокво 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 702, КП 703, КП 704, дел од КП 705, дел од КП 706, КП 707, КП 708 и дел од КП 709, КО Глишиќ, Општина Кавадарци.

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

С О О П Ш Т Е Н И Е

По Детален урбанистички план за УЕ 4, Блок 4.2 и УЕ 12, Блoк 12.2, ,,ПАРК” КО Кавадарци град и КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци.

Граници на планскиот опфат се :
-Север и североисток-станбена ул1 (Ст1),
 Исток и југоисток по Ст.2 до КП.6606, кп.6626.
 -на југ-станбена улица 1,
 -на запад-дел од Ст.1, дел од кп.6764, дел од кп.6790, кп.6703/1, кп.6771 по ул.Дисанска ја сече и се поврзува со проектираната станбена улица 1
-на север-граница на град
 -на исток-граница на град
-на југ-граница на град
-на запад-градски парк, градски стадион, стрелиште, населба.
Површината на планскиот опфат изнесува 39,6ха.