Категорија: Огласи и соопштенија

Соопштение за јавен увид по урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана

Соопштение за јавен увид по урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана (за поставување на фотонапонски панели на земја) со намена Е1.13 на дел од КП 929/1 и КП 930/1, 930/2, 930/3, 930/4 и 930/5, КО Ваташа, Општина Кавадарци.

 

ЈАВЕН ПОВИК За членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК За членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

                                       Општина Кавадарци со Статутот предвидува формирање на Локален младински совет
                Локалниот младински совет има советодавна и застапувачка улога во општината од делокруг на младински прашања и политики.
                Претставниците на локалниот младински совет имаат право да:
                Предлагаат точки на дневен ред на Советот на општината кои ги засегаат младите;
                Иницираат прашања за млади од делокруг на работа на општината;
                Иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локалната младинска стратехија и други политики;
                Доставуваат информации до општина Кавадарци за прашања кои се однесуваат на младите
                Вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со закон

ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ период 2022-2026

ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ период 2022-2026

Објава на нацрт верзија на план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Кавадарци период 2022-2026 година. Вашите забелешки и предлози за планот да ги доставите во општина Кавадарци во соба број 2 на вториот кат во општината. Јавната расправа и презентација на планот ќе се одржи во просториите на општина Кавадарци. Времето на оддржување на презентацијата дополнително ќе биде објавено.

со Почит 
Градоначалник
д-р Митко Јанчев.

 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на  овластено службено лице  во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на овластено службено лице во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци

Врз основа на  член 11-к од Закон за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година,  Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр.04-1911/6 од 27.04.2021 година и бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година и Правилник за критериуми за селекција на кандидати за унапредување во Територијална противпожарна единица во општина Кавадарци бр.04-321/3 од 14.12.2020 година, 

Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С

За унапредување на  овластено службено лице  во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на овластено службено лице  1 (еден) извршител:

 

  1. Командир на Одделение со шифра ПОЖ 02 10 Б04 000 во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци …………….1 извршител;

 

  Посебни услови предвидени за работното место  утврдени со актот за систематизација се:

  • за нивото Б4, ниво на квалификациите IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;

  – најмалку 3 години работно искуство во струката евидентирано во Агенција за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж

   -Да има положено возачки испит од “Ц” категорија

   -сертификат за пожарникар.

ОБЈАВА број 5/2022

ОБЈАВА број 5/2022

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

  1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со УП за село Марена, Општина Кавадарци 2014-2024, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-326/4 од 31.01.2019 година, за изградба на објекти со намена на градба –Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија(компатибилна класа на намена Б1, Б2, Б4, В2, Д2, Д3, Г3 и Г4 –49%) согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.