Категорија: Огласи и соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ за второ авионско третирање против комарци за 2022 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ за второ авионско третирање против комарци за 2022 година

Општина Кавадарци Ве информира дека на ден 29.07.2022 година (петок) со почеток од 05:00 до 07:00 часот ќе се спроведе второ авионско третирање против комарци за 2022 година на територијата на општина Кавадарци.

Се известуваат сите граѓани како и пчелари дека во периодот на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за друг ден.
Со третирањето ќе биде опфатено течението на реката Луда Мара од с. Марена целото градско подрачје, с. Ваташа па се до брана Моклиште.

Со почит,

Градоначалник

д-р Митко Јанчев

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

За Детален урбанистички план за УЕ11, дел од Блок 11.1, Миле В‘чков КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, плански период 2020-2025.
Детален Урбанистички план за УЕ 11, дел од блок 11.1, Миле В‘чков, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, се наоѓа непосредно до централното градско подрачје од градот Кавадарци.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВА број 4/2022

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВА број 4/2022

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

  1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за УЕ5, дел од Блок 5.4 Младински КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2020-2025 донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 08-1789/4 од 15.03.2022 година, за изградба на објекти со намена на градба –Б1 – мали комерцијални и деловни намени со компатибилни класи на намена ( А1, А3, Б4, – мах 20 %) согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
  2. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за УЕ5, дел од Блок 5.4 Младински КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2020-2025 донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 08-1789/4 од 15.03.2022 година, за изградба на објекти со намена на градба –А2 – домување во станбени згради согласно Табеларен преглед 2, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
ОБЈАВА број 3/2022 за отуѓување на градежно земјиште

ОБЈАВА број 3/2022 за отуѓување на градежно земјиште

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Гарниково 1.1 со поставување на фотонапонски панели на дел од КП 441, КО Гарниково, Општина Кавадарци со тех. Бр. 0801-130/21 од декември 2021, одобрен од градоначалник на општина Кавадарци со Потврда за одобрување бр.11-250/6 од 15.03.2022 година, за изградба на објекти со намена на градба Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани со Е 1.8 – инфраструктура  за пренос на електрична енергија, согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.