Категорија: Огласи и соопштенија

Урбанистички проект вон опфат на УП со намена Е.1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани

Урбанистички проект вон опфат на УП со намена Е.1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани

Урбанистички проект вон опфат на УП со намена Е.1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на замјиште) на КП 1618, КП 1619/2 и КП1616, КО Марена, Општина Кавадарци.

К О Н К У Р С  за доделување на Награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2022 годин

К О Н К У Р С за доделување на Награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2022 годин

Врз основа на член 8 од Правилникот за начинот , условите и постапката за доделување на Награда „7 Септември“(Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.26/2003 година , Општина Кавадарци Локална самоуправа објавува,

 

К О Н К У Р С

За доделување на Награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2022 година

 

      По повод на „7 Септември“ денот на ослободувањето на град Кавадарци Општина Кавадарци –Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на Награда „7 Септември“.

 

  1. Наградата „7 Септември“ на градот Кавадарци се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признанние на Градот Кавадарци за остварувања во областа на стопанството , науката, уметноста, културата ,воспитанието и образованието , здравствената заштита , спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата , како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што преставуваат посебен придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација кај нас  и во светот.
  1. На ученици и на студенти наградата се доделува на творечки труд (или континуирани , упсешни постигнувања во наставите и вон наставните активности што преставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.
  1. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој преставува заокружена творечка или континуирана работна целина .
  1. Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
  1. Право на предлагање кандидати за наградата имаат правни и физички лица.
  1. Предлогот за наградата треба да биде детално образложен а за кандидатите поединци да содржи и биографија.
  1. Кон предлогот за доделување на наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два ( 2) примерока од делото.

 

Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адреса и телефонскиот број.

Предлозите и иницијативите да се достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија при Совет на Општина Кавадарци , најдоцна до 11 Август 2022 година.

 

Формулар за конкурирање за наградата „ 7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

Предлозите се поднесуваат во два (2) примероци преку пошта или директно во Архива на Локалната  Самоуправа Кавадарци соба бр. 20.

Информации на телефон 072-307-225