Категорија: Огласи и соопштенија

Известување фаза 2 програма за вода и канализација

Известување фаза 2 програма за вода и канализација

ЈП Комуналец во соработка со општина Кавадарци, ги известува граѓаните дека започна со реализација на проекти како дел од Фаза II, ПРОГРАМАТА ЗА ВОДА И КАНАЛИЗАЦИЈА. Се со цел да им испадне во пресрет на граѓаните се воспостави механизам за поплаки како начин за прифаќање , проценка и решавање на поплаки во заедницата од поединци во врска со работата или однесувањето на спроведувачите на проектот (локална самоуправа и јавно комунално претпријатие), неговите изведувачи или вработените.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2022

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2022

Врз основа на  член 48  од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.275/19, 14/20 и 215/21) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18 и Службен весник на РСМ бр.303/20),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година и Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година и бр.04-1911/6 од 27.04.2021 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 01/2022

За унапредување на 2 административни  службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 2 (два) извршители и тоа :

      1. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за правни и општи работи, Сектор за правно – нормативни и општи работи …………..1 (еден) извршител;

      2. УПР 01 01 В04 000 Помлад Соработник за услуги на граѓаните од областа на здравствена заштита, екологија, рурален развој, Одделение за услуги на граѓани, Сектор за јавни дејности и култура………1 (еден) извршител.

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

 

Посебни услови предвидени за работното место под точка 1 утврдени со актот за систематизација се:

– Стручни квалификации ниво –   ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен и тоа: Правни науки

– Работно искуство и тоа: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

Потребни општи работни компетенции на напредно ниво:

  • – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
  • – учење и развој;
  • – комуникација;
  • – остварување резултати;
  • – работење со други/тимска работа;
  • – стратешка свест;
  • – ориентираност кон странките/засегнати страни;
  • – раководење; и
  • – финансиско управување.

 

                Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  • потврда за положен испит за административно управување.

 

Посебни услови предвидени за работното место под точка 2 утврдени со актот за систематизација се:

  • Стручни квалификации ниво -ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и тоа: технологија на прехранбени производи, биотехнологија или правни науки;

Работно искуство и тоа: со или без работно искуство во струката

 

Потребни општи работни компетенции на средно ниво:

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
  • учење и развој;
  • комуникација;
  • остварување резултати;
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и

финансиско управување.

 

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Кавадарци-Локална Самоуправа, кој покрај општите и посебните услови за пополнување на работно место  треба да ги исполнува и  следните услови:

-да е оценет со оцена ̎А̎ или̎ Б̎ при последното оценување,

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за  кое е објавен  интерниот оглас,

-да поминал најмалку две години на тековното работно место,

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

                Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат следните докази:

-потврди за успешно реализирани обуки и/или

-потврди за успешно реализирано менторство

 

Рокот за пријавување на интерниот оглас е  5 ( пет ) работни дена од денот на објавувањето.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Кавадарци  до Секторот за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса  :coveckiresursi@kavadarci.gov.mk 

 Дневното и неделното работно време е од 8:00часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Платата за работното место под точка 1 е во паричен нето износ од 29.694,00  денари.

Платата за работното место под точка 2 е во паричен нето износ од 22.047,00  денари

Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување.

                Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оргиналот.

                НАПОМЕНА:Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

 

Листа на баратели за субвенционирање на велосипеди за 2022 година

Листа на баратели за субвенционирање на велосипеди за 2022 година

Записник од одобрени и одбиени барања во рамките на предвидениот Буџет и критериумите по повикот за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за купување велосипеди за 2022 година.

Ј А В Е Н  ПОВИК  до  евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско – корисна работа

Ј А В Е Н  ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Кавадарци, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 06.06.2022 година се објавува:

Ј А В Е Н     П О В И К
до евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Сервис за негуватели на лица со попреченост, лични асистенти за средношколци со попреченост и Волонтери за помош на Центарот за достава на храна ,,Банка за храна” до социјално ранливи категории”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.