Категорија: Огласи и соопштенија

Програма за активностите на Општина Кавадарци  во областа на спорт и млади во 2022 година

Програма за активностите на Општина Кавадарци  во областа на спорт и млади во 2022 година

Врз  основа  на член 36  став 1 точка 15, а во врска со член 22 став 1 точка 6  од Законот  за Локална  Самоуправа  (,,Сл. Весник на РМ“ бр.5/2002 ), член 132 став 1 од Статутот на Општина Кавадарци (,,Сл. Гласник на Oпштина Кавадарци“ бр. 08/05…….75/21),

Советот на Општина Кавадарци на 6-тата седница, одржaна на ден 27.01.2022 година,  донесе

 

П Р О Г Р А М А

за активностите на Општина Кавадарци  во областа на спорт и млади во 2022 година

 

ЦЕЛИ 

Основни цели на Програмата за активностите на Општина Кавадарци  во областа на спорт и млади во 2022 се :

-Учество на општината во организирањето и збогатувањето на спортско-рекреативниот живот во градот;

– Создавање на услови за реализирање на спортско-рекреативните активности на граѓаните, особено младите и здруженијата од областа на спортот;

– Афирмација на Општина Кавадарци како развиен спортски центар во Република Северна Македонија и надвор од неа;

– Афирмација на Општина Кавадарци во која особено внимание се посветува на создавањето услови за правилно насочување на младите и организирање на нивните слободни активности.

Read More

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ

Согласно член 67 став 1 од Законот за локалната самоуправа  (”Службен весник на Република Македонија”бр.5/2002), а во врска со член 80, член 80-а од Законот за градење (”Службен весник на Република Македонија” бр.130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и ”Службен весник на Република Северна Македонија” бр.244/19, 18/20 и 279/20), како и Одлуката за изменување и дополнување на одлуката утврдување на висината на комуналните такси во Општина Кавадарци со арх.бр.08-888/10 од 17.02.2021 година, Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик да достават директно преку архива на општината или преку пошта со препорачана поштенска пратка барања за поставување на урбана опрема во место викано „12-те Ваташки другари”, општина Кавадарци на следните 4 локации:

 

Локација бр.1

Описни податоци: На локација бр.1 постои урбана опрема од фиксирани масички (9 броја) и фиксирани столчиња (36 броја броја).

Исто така, во склоп со оваа површина постои шанк со две помошни простории изградени од тврд материјал, санитарни јазли коиштво се заеднички за сите предвидени корисници, подиум, ограден подиум со пристапна рампа и посебна настрешница од челик во шестоаголна форма. Вкупната површина од локацијата број 1 изнесува:

  • Подиум – 46,60м2
  • Долно ниво – 107,00м2
  • Горно ниво – 122,64м2, заедно со шанк

            Вкупно: 276,20м2. Read More

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за УБ 10К, “СТАРО АНГРО”

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за УБ 10К, “СТАРО АНГРО”

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2022 година, Глава IV, Точка 9, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација

и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за дел од УБ 10К, “СТАРО АНГРО”, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

– Север – улица Втора бригада

– Исток – улица Народна младина

– Југ – улица Љубашка

– Запад – пристапна улица Втора бригада

Површината на планскиот опфат изнесува 0,6570 ха.

Read More

ОБЈАВАброј 04/2022 за давање во закуп на недвижни ствари

ОБЈАВАброј 04/2022 за давање во закуп на недвижни ствари

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 275/19), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци  во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2766/16 од 28.04.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.13/22), Извештај за процена на недвижен имот бр.220 од 19.04.2022 година изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје и наш деловоден бр.19-413/16 од 21.04.2022 година, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВАброј 04/2022

за давање во закуп на недвижни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

            Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари–објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2766/16 од 28.04.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.13/22).

2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП

            Предмет на закуп се недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.13709 КО Кавадарци запишани во Имотен лист бр.15775 и тоа: