Категорија: Огласи и соопштенија

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид по Урбанистички проект Гарниково 1.1

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид по Урбанистички проект Гарниково 1.1

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2021 година со Одлука број 08-3077/7 од 27.05.2021 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр. 74 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното

  

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид по

   Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Гарниково 1.1 со поставување на фото-напонски панели на земјиште на дел од КП 441, КО Гарниково, Општина Кавадарци

 

 

Член 1 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Гарниково 1.1 со поставување на фото-напонски панели на земјиште на дел од КП 441, КО Гарниково, Општина Кавадарци, тех.бр. 0801-130/21 од Декември 2021, изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.

 

Член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Гарниково 1.1 со поставување на фото-напонски панели на земјиште на дел од КП 441, КО Гарниково, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y15521 од Септември 2021.

  Read More

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на движни ствари–моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-347/10 од 27.01.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.06/22), Извештај од извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства, изработен од ДТЛППУТ „Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ увоз–извоз Кавадарци, со деловоден бр.03-01/1 од 21.01.2022 година и наш деловоден бр.10-454/1 од 24.01.2022 година, Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.186 КО Фариш во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7333/31 од 24.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.05/21), Извештај за процена на недвижен имот  изработен од ДППУ „АБЦ – Бротхер“ ДООЕЛ – Скопје, со деловоден бр.302 од 30.07.2021 година и наш деловоден бр.19-1956/14 од 04.08.2021 година Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  02/2022

за продажба на движни ствари и за давање во закуп на недвижна ствар по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

            Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, согласно Одлука за продажба на движни ствари–моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-347/10 од 27.01.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.06/22) и давање во закуп на недвижна ствар сопственост на Општина Кавадарци, која се дава во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.186 КО Фариш во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7333/31 од 24.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.05/21).

Известување за продолжување на рок по Јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Известување за продолжување на рок по Јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

На ден 27.01.2022 беше одржана 6 – тата седница на советот на општина Кавадарци на која беше поставено советничко прашање за продолжување на рокот за поднесување на апликации по јавниот повик за прибирање предлог – проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита на животната средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР  од буџетот на општина Кавадарци за  2022 година.

                Истото беше одобрено од страна на градоначалникот на општина Кавадарци м-р Митко Јанчев и се донесе заклучок за продолжување на јавниот повик до 14.02.2022 година.         

Линк до Јавниот повик

ЈАВЕН КОНКУРС за делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации

ЈАВЕН КОНКУРС за делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации

Врз основа на Одлука за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година бр.08-7333/25 од 24.12.2021година, член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година на правно лице бр.08-7333/26 од 24.12.2021 година и член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.08/05….75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

 

ЈАВЕН КОНКУРС

 За делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година на правно лице

 

Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации предвидени во Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година и тоа:

1.Културно стопанска манифестација „Св.Трифун“ , 14 Февруари

2.Културно лето го сакам Кавадарци – Јули-Август

3.Културна манифестација „Тиквешки Гроздобер“ Септември

4.Нова Година 2023 -Декември

  Read More