Категорија: Огласи и соопштенија

ОБЈАВА број  01/2022 за продажба на движни ствари и за давање во закуп на недвижна ствар

ОБЈАВА број  01/2022 за продажба на движни ствари и за давање во закуп на недвижна ствар

Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6854/7 од 03.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.03/21), Извештај за процена на вредноста на машини и опрема изработен од ДИУП „Метода Плус“ ДООЕЛ – Кавадарци, со деловоден П.бр.86/1 од 30.03.2021 година и наш деловоден бр.10-7051/2 од 03.12.2021 година, Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.186 КО Фариш во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7333/31 од 24.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.05/21), Извештај за процена на недвижен имот  изработен од ДППУ „АБЦ – Бротхер“ ДООЕЛ – Скопје, со деловоден бр.302 од 30.07.2021 година и наш деловоден бр.19-1956/14 од 04.08.2021 година Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

 

ОБЈАВА број  01/2022

за продажба на движни ствари и за давање во закуп на недвижна ствар по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

            Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на движни ствари сопственост на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, согласно Одлука за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6854/7 од 03.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.03/21) и давање во закуп на недвижна ствар сопственост на Општина Кавадарци, која се дава во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.186 КО Фариш во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7333/31 од 24.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.05/21).

Повеќе…

 

Јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

ЈАВЕН ПОВИК

          За прибирање предлог проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита на животната средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР  од буџетот на општина Кавадарци за  2022 година.

Усогласен спрема ЛОД Методологија, усвоена од страна на советот на општина Кавадарци на седницата одржана на 12.12.2019 година.

  • Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниов линк.

Документација:

  • Aнекс 1 Предлог проект – линк.
  • Анекс 2 Предлог буџет – линк.
  • Анекс 3 Логичка рамка – линк.
  • Анекс 4 План на активности и видливост – линк.
  • Анекс 5 Формулар со административни податоци – линк.
  • Анекс 6 Формулар со финансиски податоци – линк.
  • Анекс 7 Изјава за подобност – линк.
  • Анекс 8 Изјава за двојно финансирање – линк.
  • Анекс 9 Листа за проверка – линк.
  • Анекс 10 Насоки за подносители на апликации по јавниот повик – линк.
  • Анекс 11 Правила за аплицирање – линк.
ЈАВЕН ПОВИК бр  1/2022 за прибирање на апликации за финансиска подршка  наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи

ЈАВЕН ПОВИК бр  1/2022 за прибирање на апликации за финансиска подршка наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи

Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на критериумите,  начинот и  постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на  манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци бр.08-7333/50 од 24.12.2021 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.5/21) ,

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува

ЈАВЕН ПОВИК бр  1/2022

За прибирање на апликации за финансиска подршка од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022, наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи како и подршка на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци

 


  1. Се повикуваат спортски клубови и здруженија од областа на спорт регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок.          

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022 година, наменети за спортски клубови и здруженија од областа на спорт регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите,  начинот и  постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на  манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци бр.08-7333/50 од 24.12.2021 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.5/21) ,

Read More

ЈАВЕН ПОВИК За аплицирање на кандидати за волонтирање  во Општина Кавадарци

Врз основа на Програма бр. 08-7099/9 од 14.12.2021 година за волонтери во Општина Кавадарци за 2022 година, Општина Кавадарци –Локална Самоуправа објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК
За аплицирање на кандидати за волонтирање 
во Општина Кавадарци

Се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за извршување на активности според проектот ‘’За чисто и убаво Кавадарци”.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање на  волонтери, кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и позелен град  и  тоа:

  • оплеменување на зеленилото низ градот, 
  • засадување на нови садници, 
  • подигање на нови зелени површини низ градот, 
  • средување на јавните зелени површини низ градот, 
  • кастрење на вегетацијата,
  • и одржување на  селските патишта и фудбалски игралишта , 
  • како и чистење и одржавање на чистотата на повеќе локации како што се:просторот на поранешна дискотека Ла Луна, градски парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови  на градот, околината кај споменикот 12 те Другари и други локации
  • и други тековни непредвидени волонтерски активности.

Времетраењето на волонтерската работа е од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година кое  ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.

Напоменуваме дека на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Сл. весник на РМ„ бр. 85/2007, 161/2008, 147/2015 и „Сл. весник на РСМ„ бр.124/2019 и 103/2021) најмногу до 15% од просечната месечна плата во Република Северна Македонија исплатена во претходната година.

Заинтересираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса:Општина Кавадарци , ул. Плоштад Маршал Тито бб  со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“ во Општина Кавадарци  или дирекно во архива на Општина Кавадарци соба бр.20. 

Рок за пријавување: јавниот повик е од отворен карактер.

Пријавените кандидати  ќе бидат повикани да склучат  договор за волонтирање  и да започнат со вршење на волонтерската работа.