ОБЈАВА број 03/2021
Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6854/7 од 03.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.03/21), Извештај за процена на вредноста на машини и опрема изработен од ДИУП „Метода Плус“ ДООЕЛ – Кавадарци, со деловоден П.бр.86/1 од 30.03.2021 година и наш деловоден бр.10-7051/2 од 03.12.2021 година, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:
ОБЈАВА број 03/2021
за продажба на движни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на движни ствари сопственост на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, согласно Одлука за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6854/7 од 03.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.03/21).
2.ПОДАТОЦИ ЗА ДВИЖНИТЕ СТВАРИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА
Предмет на продажба се движни ствари сопственост на ЈП„Комуналец“ Кавадарци согласно Решение СТ.бр.60/11 од 24.02.2020 година на Основен суд Велес и тоа: