Категорија: Огласи и соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ за надоместување на дел од трошоците за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ за надоместување на дел од трошоците за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

Во врска со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година, општина Кавадарци Ве известува дека повикот е сеуште во тек и сите граѓани може уредно да ги достават своите барања најдоцна до 16.06.2021 до 16:30 часот во Архива на општина Кавадарци во соба број 20.

Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци

Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци

Врз основа на член 22 од Законот за младинско учество и младински политики, а во врска со точка 3 од Правилникот за стандарди на квалитет на младинските центри бр.12-923/1 од 07.04.2021година донесен од Агенција за млади и спорт, и член 6 од Одлука за отстапување на користење простор во сопственост на општина Кавадарци  за формирање  на Младински центар Кавадарци бр.08-3077/35  од  27.05.2021 година (Сл гласник на општина Кавадарци бр. 73/2021), општина Кавадарци објавува

 

Јавен повик

за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци

 

Се повикуваат сите младински организации и организации за млади кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16) и Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на РСМ”, 10/2020) да поднесат пријава за избор на младинска организација или организации за млади која ќе раководи со Младинскиот центар  Кавадарци.

 Во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, Младинските центри се места каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

                Младинските центри се основаат во соработка меѓу општините и младинските форми на организирање регулирани во законот.

Со Одлука бр.08-3077/35  од 27.05.2021 година, донесена на Седница на Совет на општина Кавадарци, општина Кавадарци обезбеди простор за функционирање на Младински центар Кавадарци, кој ќе биде доделен на управување на организација или група организации во временски период од 3 години, и тоа од јули 2021 до декември 2024 година,

                Организацијата/организациите потребно е да достават соодветна програма за работа на центарот преку која ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот на заедницата преку:

  • Неформално образование: обучување и подучување на млади;
  • Информирање, менторство, подучување и советување;
  • Информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.

Младинскиот центар Кавадарци треба да биде од отворен тип и да им биде достапен на младите најмалку 40 часа неделно, распоредени во најмалку 5 дена.

Заинтересираните организации/ организација потребно е да достават:

  • Пријава и годишна програма за работа на Младинскиот центар за периодот од јули до декември 2021 година
  • Годишен буџет за спроведување на предложената програма за периодот од јули до декември 2021 година
  • Портфолио на организацијата или организациите кои се пријавуваат на јавниот оглас, во кои јасно ќе се гледа нивниот придонес и работа во сферата на младинската работа
  • Биографии на сите лица кои ќе бидат ангажирани во спроведување на годишната програма – квалификувани младински работници врз основа на Националното портфолио за младински работници
  • Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од шест месеци од организацијата или организациите

 

                Висината на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2021 година е во процентуална вредност од 50% до 70% од потребните средства за реализација на поднесената Програма за работа на Младинскиот центар Кавадарци, но не повеќе од 300 000,00 денари.

                Градоначалникот на општина Кавадарци, ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, која што врз основа на доставената документација за исполнување на критериумите, во рок од 3 (три) дена по завршување на рокот од Јавниот повик, до Градоначалникот ќе достави Мислење  со предлог за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци.

Врз основа на доставеното Мислење од Комисијата за разгледување и евалуација на пријави, Градоначалникот на општина Кавадарци, ќе донесе Одлука за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци .

Во рок од 3 (три) дена од донесената Одлука за избор, Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе склучи Договор за управување со Младинскиот центар во периодот од јули 2021 до декември 2024 година, со младинската организација или организации, која ќе биде избрана на овој јавен повик.

Во случај на заедничка пријава од повеќе организации, Договорот ќе биде потпишан со една од организациите (предложена во апликацијата) во име на неформалната група организации.

На огласот имаат право да се пријават младински организации или организации за млади со седиште или подружница во општина Кавадарци кои се регистрирани во Регистарот на младински организации и организации за млади, постојат повеќе од 3 години и работат во полето на младинската работа.

                Потполнетите пријави заедно со  Програмата и буџетот треба да бидат подготвени во формуларите изработени врз основа на стандардите за квалитет на младинските центри од Правилникот на Агенцијата за млади и спорт. кои може да се подигне во електронска верзија од веб страната на Општина Кавадарци  www.kavadarci.gov.mk.

                Пријавите да се достават до Општина Кавадарци во рок од 10 (десет)дена по објавувањето на јавниот повик во архива или по пошта на адреса : Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2 Кавадарци, со назнака  ,,Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар Кавадарци “

                Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат разгледувани.

 

Листа на баратели за субвенционирање на велосипеди за 2021 година

Листа на баратели за субвенционирање на велосипеди за 2021 година

Записник од одобрени и одбиени барања во рамките на предвидениот буџет и критериумите по Повикот за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за купување велосипеди за 2021 година.

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

Врз основа на член 50 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ бр.05/2002), Програмата за развој на Општина Кавадарци за 2021 година бр.08-6496/26, член 113 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадаци бр.8/05),, Правилник за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на  Општина Кавадарци за купување на  енергетско ефикасни грејни тела бр.08-4989/6 од 25.09.2020 и Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година  бр.08-3077/11 од 27.05.2021, Општина Кавадарци распишува

 

 ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

 

  1. Опис на Јавниот повик
  • Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела (печки на палети и инвертер клими), ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
  • Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавувањето и тоа од 28.05.2021 година заклучно со 16.06.2021 година.
  • Јавниот повик ќе се реализира по принципот Јавно извлекување“.

 

  1. Право на учество на Јавниот повик:
  • Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасно грејни тела од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела.

Read More

Покана за доставување на понуди за изведба на градежни и инженерски работи во Општина Кавадарци, Програма за водовод и канализација Македонија, фаза II

Покана за доставување на понуди за изведба на градежни и инженерски работи во Општина Кавадарци, Програма за водовод и канализација Македонија, фаза II

ЈП Комуналец Кавадарци со финансиски средства  од KFW, за потребите на Програмата за Водовод и канализација во Македонија, фаза II, има намера да искористи дел од средствата за исплата според договорот за набавка на работи во Општина Кавадарци. Овој договор ќе биде финансиран со грантови од германска билатерална соработка, преку KFW.