Категорија: Огласи и соопштенија

ИСПРАВКА НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

ИСПРАВКА НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Градоначалникот на Општина Кавадарци ја дава следната,

 

ИСПРАВКА НА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

                Општина Кавадарци на ден 04.05.2021 година на веб страната објави јавен повик за прибирање на барања за поставување на урбана опрема на јавни површини на територијата на општина Кавадарци во место викано „12-те Ваташки другари” на 4 определени локации.

Се врши исправка во делот на рокот на пријавување кој треба да гласи:

Рокот за поднесување на барањата е најдоцна до 28 Мај 2021 година.

Оваа исправка има правно дејство со денот на објавување на јавниот повик на веб страната на општината, односно од 04.05.2021 година.

Повикот со исправката можете да го најдете на следниот линк:

http://arhiva.kavadarci.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf/ 

ИЗВЕСТУВАЊЕ за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди за 2021 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди за 2021 година

Во врска со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди за 2021 година, општина Кавадарци ве известува дека повикот е сеуште во тек и сите граѓани може уредно да ги достават своите барања најдоцна до 17.05.2021 до 16:30 часот во Архива на општина Кавадарци во соба број 20.

ОБЈАВА број 02/2021 за давање во закуп на недвижни ствари

ОБЈАВА број 02/2021 за давање во закуп на недвижни ствари

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 275/19), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци  во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2458/35 од 27.04.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.73/21), Извештај за процена на недвижен имот бр.139 од 22.05.2020 година изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје и наш деловоден бр.19-1318/19 од 22.05.2020 година, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  02/2021

за давање во закуп на недвижни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

            Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари–објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваатво закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци  во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2458/35 од 27.04.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.73/21).

2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП

            Предмет на закуп се недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.13709 КО Кавадарци запишани во Имотен лист бр.15775 и тоа:

Ред.бр. Улица и број Објект Намена на објектот Површина Проценета вредност на недвижната ствар Почетен износ на месечна закупнина Минимален чекор на наддавање Банкарска гаранција

2%

Час /почеток Објава Период

на закуп

1. ул.Вишешница Зграда 1, Влез 1, Приземје Деловна зграда 73 м2 14.009.084,00 денари 70.045,42 денари Без ограничување 280.181,68 денари 14.00 часот Прв пат 3 месеци

(Јуни, Јули и Август) 2021 година

Зграда 2,

Влез 1,

Приземје

Други спортски рекреативни објекти  

96 м2

 

 

Зграда 3,

Влез 1,

Приземје

Други спортски рекреативни објекти 4 м2

 

 

 

Зграда 4,

Влез 1,

Приземје

 

Други спортски рекреативни објекти  

116 м2

 

Објект 5,

Влез 1,

Приземје

Базен за пливање 3541 м3
Објект 6,

Влез 1,

Приземје

Базен за пливање 158 м3

За земјиштето со кп.бр.13709 КО Кавадарци на кое се наоѓаат недвижните ствари кои се предмет  на давање во закуп донесен е Урбанистички план ДУП „Јасмин“ ГП 3.4.

Висината на почетната месечна закупнина изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижните стварии истата е наведена во табеларниот преглед.

Недвижните ствари од табеларниот приказ се даваат во закуп за период од 3 (три) месеци – Јуни, Јули и Август 2021 година од кои објектите број  5 и 6 се издаваат наполнети со вода.

Проценетата вредност на недвижните ствари е утврдена согласно Извештај за процена на недвижен имот бр.139 од 22.05.2020 година изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје и наш деловоден бр.19-1318/19 од 22.05.2020 година.