Јавен повик бр.1/2021 за финансиска подршка наменета за спортски клубови,професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци
Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.13/2014) ,
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр1/2021
За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2021, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи
- Се повикуваат спортските клубови, професионални клубови регистрирани на пордачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2021 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок.
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2021 година, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финанасирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.13/2014) ,
2. Основни организациски критериуми :
– го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.
– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;
– го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– се грижат за унапредување на младите категори.
Задолжителна документација за аплицирање :
-Решение за вршење дејност спорт согласно Законот за спорт;
-Доказ за обезбедени соодветни објекти, опрема и стручен кадар;
-Доказ од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува и времетраењето на учеството на спортистот / клубот во соодветната федерација.
-Детално разработена програма / проект на активности во тековната година ;
-Документација со која се потврдува искуството за апликантот во реализирање на програма/ проекти и активности од областа на спортот, постигнати резултати, успеси;
-Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата /проект (број на ангажирани лица ,опис на трошоците по позиции)
– Извштај за потрошените средства добиени од Општина Кавадарци за 2020 година .
Прилози, фотографии, награди.
3.НАПОМЕНА : Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација нема да се разгледуваат.
- Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 12.01.2021 година а крајниот рок за поднесување е 30.01.2021..Пријавите со целокупната документација се доставуваат се доставуваат лично или по пошта (пријавите доставени по е-маил или факс нема да бидат разгледувани ) , на адреса : Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, или во архивата на Општина Кавадарци до 16.30 ч (со назнака – Пријава за јавен повик – Комисија за спорт )
Пријавата за аплицирање како и образецот за аплицирање се достапни на интеренет страницата на Општина Кавадарци : www.kavadarci.gov.mk