ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година
Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2020 година бр.08-4989/9 од 25.09.2020 член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување велосипеди за 2020 бр.08-4989/8 од 25.09.2020
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ОБЈАВУВА
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето
на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година
- Опис на јавниот повик
1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 17.10.2020 година.
1.2 Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 28.09.2020 година заклучно со 17.10.2020 година
1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.
1.4. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход по лице.
1.5. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.
- Начин на пријавување на јавниот повик
2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик.
2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, бартелот до Општина Кавадарци ги доставува следните документи:
- Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во Граѓански услужен центар на Општина Кавадарци или да се обезбеди од интернет страницата kavadarci.gov.mk),
- Доказ за жителство во Општина Кавадарци, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,
- Доказ дека е полнолетен жител на општина Кавадарци (Фотокопија од важечка лична карта),
- Копија од трансакциска сметка на барателот,
- Доказ дека е извршено купување на нов велосипед и тоа со оригинална фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со дата од денот на објавување на повикот.
- Изјава дека го нема искористено правото на субвенционирање за купување на велосипед од буџетот на општина Кавадарци и буџетите на другите државни институции за претходните 4 години.
2.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.
2.4 Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен бел плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година“ во архивата на општина Кавадарци, на адреса ул. “Плоштад Маршал Тито” бб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
2.5 На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година “.
Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено
ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година
Врз основа на член член 50 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа(“Сл.весник на РМ бр.05/2002), Програмата за развој на Општина Кавадарци за 2020година бр.49/2019, Измена на програмата за развој на општина Кавадарци за 2020 година бр. бр.08-4989/5 од 25.09.2020 , член 113 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадаци бр.8/05),, Правилник за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела бр.08-4989/6 од 25.09.2020 и Одлука за за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година бр.08-4989/7 од 25.09.2020, Општина Кавадарци распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година
- Опис на Јавниот повик
– Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела (печки на палети и инвертер клими), ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
– Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавувањето и тоа од 28.09.2020 година заклучно со 17.10.2020 година.
- Јавниот повик ќе се реализира по принципот „Јавно извлекување“.
- Право на учество на Јавниот повик:
- Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасно грејни тела од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела.
- Услови што треба да ги исполни барателот:
Барателот треба да ги исполни следните услови:
- да е полнолетен жител на Општина Кавадарци (фотокопија од важечка лична карта);
– да имаат купено и вградено во своите домови енергетско ефикасни грејни тела по денот на објавувањето на Јавниот Повик до денот на завршување на Јавниот Повик;
- да го немаат искористено правото на субвенционирање за купување на енергетско ефикасни грејни тела за претходните две години од последниот објавен Јавен Повик за субвенционирање за купени енергетско ефикасни грејни тела на подрачјето на Општина Кавадарци или од било кој извор во Република Северна Македонија за таа намена;
- едно семејство/домаќинство може да поднесе само едно барање за остварување на правото на субвенционирање за купување на енергетско ефикасни грејни тела на подрачјето на општина Кавадарци.
- Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.
С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената П Р О Г Р А М А за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава I, точка 1, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.9, “Вељко Влаховиќ” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
- Од Запад: по оска на Бул. “Западен булевар” ;
- Од Север: по оска на Бул. “Северен булевар“;
- Од Исток: по оска на Бул. “Цветан Димов“;
- Од Југ: по оска на ул. “Велко Влаховиќ“;
Површината на планскиот опфат изнесува 5,38 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.9, “Вељко Влаховиќ” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 23.09.2020 до 06.10.2020 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 02.10.2020 година (Петок) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.9, “Вељко Влаховиќ” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.
Јавен повик за форморање на партиципативно тело на Општина Кавадарци од областа на урбанизмот
Се повикуваат сите заинтересирани лица, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општина Кавадарци што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на урбаното и руралното подрачје на Општината,
да се пријават за членови на Партиципативното тело на Општина Кавадарци од областа на урбанизмот.
Јавниот повик е распишан за периодот од 15.09.2020 до 15.10.2020.
Пријавите да се достават до архивата на Општина Кавадарци во определениот рок. Истите треба да содржат контакт информации (име и презиме, адреса и контакт телефон), како и кратко образложение за начинот на кој заинтересираното лице смета дека ќе придонесе во работата на Партиципативното тело.
Лицата чии што пријави ќе бидат прифатени, ќе бидат назначени за членови на Партиципативното тело и за истото ќе бидат известени во писмена форма.
Цел на Партиципативното тело е обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање. Партиципативното тело ќе ги претставува сите различни интереси и интересни групи во Општина Кавадарци и ќе ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ќе ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ќе ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Партиципативното тело ќе заседава најмалку еднаш на 2 (два) месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови.
Работата на партиципативното тело е јавна.
Учеството во Партиципативното тело е на доброволна основа.