Категорија: Огласи и соопштенија

Јавен повик за влкучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво

Јавен повик за влкучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво

Се повикуваат сите невработени заинтересирани лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Кавадарци според Јавниот повик на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Јавен повик

ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање на архитекти во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци  за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање на архитекти во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (“Сл. Весник на РМ” бр.05/2002) и член 114 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл. Гласник на Општина Кавадарци” бр.08/05, 14/10, 24/10 и 38/19),  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажирање на архитекти во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци  за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци

 

Се повикуваат сите заинтересирани дипломирани архитекти да земат учество во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци Локална Самоуправа, за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци, за наредниот 10-годишен период “Кавадарци 2030година”.

Целта на јавниот повик е да се поттикнат истакнати архитекти да учествуваат во идното урбанистичко планирање на Градот Кавадарци во наредните 10 години.

Се очекува заинтересираните архитекти, со нивните искуства, знаења и идеи да придонесат заеднички да се утврди идниот економски, социјалeн, културeн и спортски развој во насока на подигање на животниот стандард на повисоко ниво на сите граѓани во Општина Кавадарци.  

Со Советодавното тело – Комисија ќе раководи Градоначалникот на Општина Кавадарци.

Учеството на архитектите во Советодавното тело ќе биде на доброволна основа  без надоместок.

Советодавното тело ке се состанува најмалку 2 (два) пати месечно, а по потреба и повеќе пати во месецот.

Заинтерсираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса: Општина Кавадрци, ул. Плоштед Маршал Тито  бб со назнака “За ангажирање на архитекти во Советодавното тело – Комисија на Општина Кавадарци  за придонес во утврдувањето на идниот урбанистички развој на територијата на Општина Кавадарци” или дирекно во архива на Општина Кавадрци  соба бр.20.

Рокот за пријавување е  до  15.06.2020 година.

По завршувањето на рокот за пријавување по јавниот повик, пријавените кандидати  ќе бидат повикани.

 

 

 

                                                                                                                                Општина Кавадарци

                                                                                                     Градоначалник

                                                                                                   м-р Митко Јанчев

Пријава 

План за управување со животна средина и социјални аспекти Општина Кавадарци „ПУЖССА“ за проект за реконструкција на улиците “Браќа Џунови”, “Пионерска” и “Илинденска”

План за управување со животна средина и социјални аспекти Општина Кавадарци „ПУЖССА“ за проект за реконструкција на улиците “Браќа Џунови”, “Пионерска” и “Илинденска”

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кавадарци аплицираше со проект за реконструкција на улиците “Браќа Џунови”, “Пионерска” и “Илинденска” во град Кавадарци – Општина Кавадарци.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/) на 15 мај 2020 (петок).

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Проект за поврзување на локални патишта-мк

Проект за поврзување на локални патишта-en

Образец за доставување коментари

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВА број 1/2020 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци  ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВА број 1/2020 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено соДУП за УE ,,Рајко Жинзифов“ – Кавадарци 2001-2006,донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-921/6 од 18.07.2001 година, за изградба на објекти со намена А1 – индивидуално домување согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
2.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено соДУП за локалитет ,,Г-2“ – Глишиќ, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-2334/18 од 31.10.2005 година, за изградба на објекти со намена -семејни куќи согласно Табеларен преглед 2 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
3.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено Измена и дополнување на ДУП за дел од УБ 22К-дел и 23К-дел Општина Кавадарци, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-1366/47 од 14.03.2019 година, за изградба на објекти со намена Г3 – сервиси ( со компатибилна класа на намена Б1-30%-мали комерцијални и деловни дејности, Б2-28%-големи трговски единици, Б4-10%-деловни простори, Д3-30%-спорт и рекреација, Г2-41,5%-лесна индустрија и Г4-41,5‘%стоваришта) согласно Табеларен преглед 3 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

ОБЈАВА број 1/2020
Повик за поднесување на понуди по Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП (Реконструкција на локален пат од м.в Ладно Долче до с.Крњево)

Повик за поднесување на понуди по Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП (Реконструкција на локален пат од м.в Ладно Долче до с.Крњево)

Повик за поднесување на понуди

Република Македонија

 

Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

MSIP2-NCB-2420

 

  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.
  1. Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Втор проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Реконструкција на локален пат од м.в Ладно Долче до с.Крњево.
  1. Општина Кавадарци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат, Општина Кавадарци.
  1. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
  2. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Адреса: ул.Маршал Тито бб

Град: Кавадарци

Поштенски број: 1430

Држава: Македонија

Телефон: 043416103

Факс: /

Електронска адреса: smoshev@kavadarci.gov.mk

  1. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена поgore и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 732 014 036 36  3019

Приходно конто: 725939, програма 00

  1. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Кавадарци со поднесување на писмено барање и приложување на докази за уплата за подигање на тендерска документација или по електронска пошта.
  2. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 08.05.2020. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:15ч, 08.05.2020.
  1. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од : 300.000,00 МКД.
  2. Општина Кавадарци

         Адреса: плош.Маршал Тито бб,

          Град: Кавадарци

          Поштенски број: 1430

          Архива

          Држава: Република Македонија