Категорија: Огласи и соопштенија

Повик за поднесување на понуди по Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

Повик за поднесување на понуди по Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

Повик за поднесување на понуди

Република Македонија

 

Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

MSIP2 -SG-NCB-0220

 

  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.
  1. Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Втор проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Реконструкција на водоснабдителен систем, одделување на атмосферска канализација и асфалтирање на улица”Клинска” и дел од улица “Методија Џунов Џикот”, општина Кавадарци.
  1. Општина Кавадарци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат, Општина Кавадарци.
  1. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
  2. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Адреса: ул.Маршал Тито бб

Град: Кавадарци

Поштенски број: 1430

Држава: Македонија

Телефон: 043416103

Факс: /

Електронска адреса: kika_aleksova@yahoo.com

 

  1. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена погоре и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 732 014 036 36  3019

Приходно конто: 725939, програма 00

 

  1. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Кавадарци со поднесување на писмено барање и приложување на докази за уплата за подигање на тендерска документација или по електронска пошта.
  1. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 13:00ч, 08.05.2020. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 13:15ч, 08.05.2020.
  1. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од : 300.000,00 МКД.
  2. Општина Кавадарци

         Адреса: плош.Маршал Тито бб,

          Град: Кавадарци

          Поштенски број: 1430

          Архива

          Држава: Република Македонија

 

 

 

 

 

СО ОБНОВУВА ЈУЖНАТА ФАСАДА  НА ЗГРАДАТА НА ОПШТИНАТ

СО ОБНОВУВА ЈУЖНАТА ФАСАДА НА ЗГРАДАТА НА ОПШТИНАТ

 

 

Деновиве започнаа градежните работи за обнова на задната фасада на зградата на Општина Кавадарци. Согласно проектот се врши интервенција за санирање на сачокот, како и крпење и фарбање на фасадата.

Општината овој проект започна да го реализира минатото лето, а во моментот се работи на последнат тринаесетта фасада. Со обновувањето на задната-јужна фасада на зградата каде се наоѓа седиштето на Локалната самоуправа, општината Кавадарци заокружува капитален проект во кој инвестира 5.361.793 денари од буџетот.

Со овој прокет општината обнови 13 фасади на колективни станбени згради, како и на објекти каде се сместени институции од јавен карактер.

Целта е остварена, обновените фасади го променија на подобро визуелниот изглед на централното градско подрачје, а станарите, корисниците на објектите како и граѓаните добиа побезбедни и поубави фасади.

Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

Соопштение во врска со Законот за домување

Соопштение во врска со Законот за домување

Почитувани,

Согласно чл.54 чл.55. чл.56.чл.57 чл.58 и чл 59 од Законот за домување ( Сл.весник на Р.Македонија бр. 99/2009, бр.57/10, бр,36/11, бр.54/11 ,бр.13/12, бр.55/13,бр.163/13 и бр.42/14), ако во станбена зграда има повеќе од двајца сопственици на посебни делови, и повеќе од осум посебни делови, и повеќе од осум сопствениците на посебните делови можат да донесат одлука за формирање на заедница на сопственици како правно лице за управување со станбена зграда.
Заедницата на сопственици носат Одлука кога за неа гласаат повеќе од половина од сопствениците на посебните делови.
ПОТРЕБНО Е ВО РОК ОД 15 ДЕНА ДА СЕ ИЗБЕРЕ ПРЕTСЕДАТЕЛ КОЈ ЌЕ УПРАВУВА СО СТАНБЕНАТА ЗГРАДА ВО ИМЕ И ЗА СМЕТКА НА ЗАЕДНИЦАТА НА СОПСТВЕНИЦИ ИЛИ ПАК AKO ОДЛУЧИТЕ УПРАВУВАЊЕТО ДА ГО ВРШИ УПРАВИТЕЛ, ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ДОНЕСЕ СТАТУТ НА
ЗАЕДНИЦА НА СОПСТВЕНИЦИ И ДА СЕ ИЗВРШИ ЗАПИШУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТЕР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗАЕДНИЦАТА НА СОПСТВЕНИЦИ ИЛИ УПРАВИТЕЛ.
ПОТРЕБНО Е ДА ГИ ДОСТАВИТЕ ДОКУМЕНТИТЕ ОД ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТЕР ДЕКА Е ИЗВРШЕН УПИС КАЈ ОВЛАСТЕН ИНСПЕКТОР ЗА ДОМУВАЊЕ ВО СОБА БР.5 НА ТРЕТИ СПРАТ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ.

 

Претставување на планот за управување со животна средина по проектот Интегрирана порограма за развој на туризмот во Општина Кавадарци

Претставување на планот за управување со животна средина по проектот Интегрирана порограма за развој на туризмот во Општина Кавадарци

Почитувани,

Општина Кавадарци во наредниот период ќе го имплементриа проектот Интегрирана порограма за  развој на туризмот во Општина Кавадарци, кој што е финансиран од Европската Унија и сопствено учество од Општина Кавадарци.

За таа цел ги покануваме сите заинтересирани граѓани, претставници на граѓански организации, приватниот сектор и други јавни институции, да присуствуват на јавната расправа која што ќе се одржи на ден Среда (19.02.2020 година), во просториите на општина Кавадарци – Голема сала со почеток во 12 часот.

На јавната расправа ќе бидат презентирани сите цели, активности и резултати предвидени по проектот, како и планот за управување со животната средина.