Категорија: Огласи и соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК  за пријавување на штети за ненаводнети земјоделски површини предизвикано од хаваријата на сифонот – Макарија

ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на штети за ненаводнети земјоделски површини предизвикано од хаваријата на сифонот – Макарија

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на штети за ненаводнети земјоделски површини
предизвикано од хаваријата на сифонот – Макарија

на левиот магистрален пат
КО. Дреново – Општина Кавадарци

Општина Кавадарци ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на
земјоделски насади од ненаводнување предизвикано од хаваријата на
сифонот- Макарија на левиот магистрален канал КО. Дреново – Општина
Кавадарци, која е настаната на 27.05.2023, да ја пријават штетата на своите
насади во просториите на Општина Кавадарци.

ОБЈАВА број 2/2023

ОБЈАВА број 2/2023

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ОБЈАВА број 2/2023
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

  1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за локалитет „Парк“ 2001-2006, донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 07-921/3 од 18.07.2001 година, за изградба на објекти со намена на градба –А1 индивидуално домување со согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење,
    почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

         ПРАВО НА УЧЕСТВО

          Право на учество на јавното наддавање имаат:

          1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на                  Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

          2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер              на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои
          не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на
          територијата на Република Северна Македонија.

ОДЛУКА  за избор на кандидат за унапредување

ОДЛУКА за избор на кандидат за унапредување

О Д Л У К А

за избор на кандидат за унапредување
I. Во врска со интерниот оглас бр.02/2023 за унапредување на
административен службеник во Општина Кавадарци, објавен на ден
04.07.2023 година на интернет страниците на Агенцијата за администрација
и на Општина Кавадарци,
за работно место- со шифра УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение
за комунални дејности, Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и
заштита на животната средина…………..1 (еден) извршител,
СЕ ИЗБИРА кандидатот МАРИЈА ДАНАИЛОВА.
II. Одлуката за избор за унапредување се објавува на интернет
страницата на Општина Кавадарци.

 

 

 

СООПШТЕНИЕ  За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани  (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 4 на КП 4331, КП 4332 и КП 4333 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци.

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 4 на КП 4331, КП 4332 и КП 4333 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци.

 

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Програма за изработка на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2023 година со Одлука број 08-7742/22 од 22.12.2022 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                         

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 4 на КП 4331, КП 4332 и КП 4333 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци.

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 4 на КП 4331, КП 4332 и КП 4333 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци, со технички број 0901-1/23 од Јули 2023 изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, произодство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ извоз-увоз ДООЕЛ Кавадарци.

 

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) Љубаш 4 на КП 4331, КП 4332 и КП 4333 КО Кавадарци вгр, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени Услови за планирање за просторот од Агенција за планирање на просторот Y53822 од Ноември 2022 и Решение за услови за планирање од Министерство за животна средина и просторно планирање УП1-15 2271/2022 од 27.12.2022 година.

 

 

 

 

ОБЈАВА број 1/2023  за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија  по пат на електронско јавно наддавање

ОБЈАВА број 1/2023 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

  1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за УЕ12, дел од блок 12.1 „Дисанска„ КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2020-2025 донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 08-7742/26 од 22.12.2022 година, за изградба на објекти со намена на градба –А2 – домување во станбени згради со компатибилни класи на намена ( Б1(18%), Б2 (30 %), Б4 (20%), Б5(15%), Д3(40%) мах40%) согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
  2. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за УЕ5, блок 5.10, „Цветан Димов„ КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2018-2023 донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 08-1313/6 од 28.02.2023 година, за изградба на објекти со намена на градба – А2 – домување во станбени згради со компатибилни класи на намена ( Б1, Б4 (20%), Б2 (20 %) и В3(40%)) согласно Табеларен преглед 2, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
  3. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за УЕ, „Лазо Асијата“ КО Кавадарци град, донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 08-2713/7 од 27.04.2023 година, за изградба на објекти со намена на градба –А1 – индивидуално домување со согласно Табеларен преглед 3, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.