ОБЈАВА број 06/2018 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5282/33 од 27.09.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.21/18), Извештај за процена на недвижен имот изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен, со деловоден број 21-4261/33 од 31.08.2018 година, Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.2699 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6310/14 од 14.11.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.26/18), Извештај за процена на недвижен имот изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен, со деловоден број 21-4261/35 од 31.08.2018 година, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:
ОБЈАВА број 06/2018
за давање во закуп на недвижни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти во сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5282/33 од 27.09.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.21/18) и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.2699 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6310/14 од 14.11.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.26/18).