Категорија: Огласи и соопштенија

Известување по Проект РЕЛОАД

Известување по Проект РЕЛОАД

Почитувани,

Во врска со објавениот Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (РеЛОаД) ,ве известуваме дека во наредиот период на планот на активности се предвидени менториски сесии за сите граѓански организации. Менторските сесии се организираат со цел преку консултации да им се помогне на организациите кои сакаат да аплицираат на јавниот повик, во проверка дали проектите се подготвени согласно со насоките од јавниот повик и да им се појаснат или дообјаснат одредени работи кои можеби не биле покриени со обуките а кои им се неопходни за да го подготват целосно проектот. За општина Кавадарци планирано е да се оддржат 4 менторски сесии и тоа за следните дати:

14.11.2018 (Четврток)

15.11.2018 (Петок)

26.11.2018(Понеделник)

30.11.2018(Петок)

 

Ги замолуваме сите Граѓански организации да се пријават намајлку три дена пред почетокот на секоја менотрска сесија, и да наведат на која дата сакаат да учествуваат.( може да учествуваат на повеке од една менторска сесија). Точната дата за учество ни е потребна со цел менторката да може навремено да ги испланира своите посети по сите пет пилот општини од овој проект.

Пријавувањето за сесиите може да го извршите кај лицето задолжено за координација со невладиниот сектор во општина Кавадарци –

Ненад Јованoвиќ – jovanovichn@yahoo.com.

СООПШТЕНИЕ Втор јавен повик за надоместување на трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела во Општина Кавадарци за 2018 година

СООПШТЕНИЕ Втор јавен повик за надоместување на трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела во Општина Кавадарци за 2018 година

Комисиите за спроведување на наведениот Втор јавен повик објавен на 05.10.2018 до 20.10.2018 година ги информира граѓаните на Општина Кавадарци кои земале учество во истиот повик, до општина Кавадарци има доставено вкупно 159 барања вклучувајќи ги и барањата од предходниот повик кои што не беа разгледани заради исцрпување на предвидениот буџет.

Се ИНФОРМИРААТ  граѓаните ДЕКА Јавното извлекување по Вториот јавен повик за надоместување на трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела во Општина Кавадарци за 2018 година ќе се спроведе на ден 30.10.2018 (вторник) во 16:30 часот. Извкувањето ке се спроведе во големата сала на Општина Кавадарци во присуство на членовите на трите надлежни комисии.

Дозволено е и присуство на барателите за време на спроведувањето на јавното извлекување.

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ – Проект за подобрување на општинските услуги MSIP2-NCB-004 -18

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ – Проект за подобрување на општинските услуги MSIP2-NCB-004 -18

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP2)

Проект за подобрување на општинските услуги

 MSIP2-NCB-004 -18

 

  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.
  1. Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Вториот Проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за Реконструкција на коловоз на улици и булевари во населено место Кавадарци.
  1. Општина Каваарци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција на осум улици и еден булевар во општина Кавадарци и тоа улиците Цано Поп Ристов, Пано Мударов, Мито Хаџи Василев-Јасмин, 7-ми Септември, Страшо Пинџур, Едвард Кардељ, Моша Пијаде, Цветан Димов и Северен Булевар. Вкупната должина на улиците вклучително и булеварот кои се предмет на овој договор за под-заем  изнесува 4945 метри, со поединечна должина која варира од 350м до 845м.
  1. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
  2. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Адреса: Пл.Маршал Тито 2

Град: Кавадарци

Поштенски број: 1430

Држава: Република Македонија

Телефон: 043/416130

Електронска адреса: opshtina@kavadarci.gov.mk

 

  1. За плаќање во денари: 2000 ден.

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 732014036363019

Приходно конто: 72593900

  1. Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Кавадарци.
  1. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 30.11.2018, 12:00ч. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:15ч, 30.11.2018.
  1. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 2,500,000.00 МКД.
  2. Адреса:Пл.Маршал Тито 2

Град: Кавадарци

Поштенски број: 1430

Архива

Држава: Република Македонија

ОБЈАВА број  05/2018 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ (прв пат)

ОБЈАВА број 05/2018 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ (прв пат)

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18) и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5282/33 од 27.09.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.21/18), Извештај за процена на недвижен имот изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен, со деловоден број 21-4261/33 од 31.08.2018 година, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  05/2018

за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ (прв пат)

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

            Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти во сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5282/33 од 27.09.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.21/18).

2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП

            Предмет на закуп се недвижни ствари – објекти во сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 запишани во Имотен лист бр.15775 и тоа:

Ред. бр. Улица и број Објект Намена на објектот Површина Проценета вредност на недвижната ствар Почетен износ на месечна закупнина Минимален чекор на наддавање Банкарска гаранција

2%

Час /почеток
1. „Зелен пазaр“ Зграда 1, Влез 5, приземје Деловен простор 43 м2 3.089.925,00

денари

15.450,00 денари Без ограничување 61.799,00 денари 09.30 часот
2. „Зелен пазaр“ Зграда 1, Влез 6, приземје Деловен простор 25 м2 2.110.761,00

денари

10.554,00 денари Без ограничување 42.215,00 денари 10.00 часот
3. „Зелен пазaр“ Зграда 1, Влез 7, приземје Деловен простор 28м2 2.273.955,00

денари

11.370,00 денари Без ограничување 45.479,00 денари 10.30 часот

За земјиштето со кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2  на кое се наоѓаат недвижни ствари – објекти кои се предмет  на давање во закуп донесен е ДУП за дел од УБ 11 – К „Зелен Пазар“2010-2015 со Одлука на Совет на Општина Кавадарци бр.07-927/4 од 28.02.2011 година.

Висината на почетната месечна закупнина изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижните ствари и истата е наведена во табеларниот преглед.

Проценетата вредност на недвижните ствари е утврдена согласно Извештај за процена на недвижен имот изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен, со деловоден број 21-4261/33 од 31.08.2018 година.

Read More