Категорија: Огласи и соопштенија

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2018 За унапредување на административен службеник во Општина Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2018 За унапредување на административен службеник во Општина Кавадарци

Врз основа на  член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18),и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.09-2375/1 од 05.05.2016 година,  Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-5645/1 од 29.11.2016 година, бр.09-762/1 од 24.02.2017 година,   бр.04-5259/2 од 28.12.2017 година, бр.04-2391/1 од 25.04.2018 година, бр.04-4442/1 од 01.08.2018 година, бр.04-4679/1 од 20.08.2018година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 02/2018

За унапредување на шест (6)  административни службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници   6 (шест) извршители и тоа :

  1. УПР 01 01 Г01 000 Самостоен референт – организација на човечки ресурси во Одделение за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси …………….1 извршител;
  2. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за урбанизам, Одделение за урбанизам, Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина……….1 извршител;
  3. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за располагање со градежно земјиште, Одделение за располагање со градежно земјиште, Сектор за уредување и располагање со градежно земјиште……..1 извршител;
  4. УПР 01 01 В01 000 Советник-образование, Одделение за општествени дејности, Сектор за правни, општествени и општи работи……….1извршител;
  5. УПР 01 01 В02 000 Виш Соработник обуки и оценување, Одделение за обуки и оценување, Сектор за управување со човечки ресурси…………1 извршител;
  6. УПР 01 01 В01 000 Советник оценување, стручно оспособување и усовршување, Одделение за обуки и оценување, Сектор за управување со човечки ресурси…………1 извршител;

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2018
ВТОР ЈАВЕН ПОВИК  за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година

ВТОР ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година

Врз основа на Врз основа на член член 50 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа(“Сл.весник на РМ бр.05/2002), Програмата за развој на Општина Кавадарци за 2018 година бр.09-5167/8 од 22.12.2017, бр.08-2175/47 од 24.04.2018 година и бр.08-3027/48 од 30.05.2018 година, член 113 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадаци бр.8/05),, Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година број 08-5282/38 од 27.09.2018, Програмата за  изменување  и дополнување на Програмата за Развој на општина Кавадарци за 2018 година број 08-5282/36 од 27.09.2018 и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 208 година број 08-5282/37 од 27.09.2018, Општина Кавадарци распишува

 

 

ВТОР ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година

  1. Опис на Јавниот повик

 

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци(домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела(печки на палети и инвертер клими), ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

1.2. Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 05.10.2018 година заклучно со 20.10.2018 година.

1.3. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „Јавно извлекување“.

 

  1. Право на учество на Јавниот повик:

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасно грејни тела за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети.

На јавното извлекување право на учество ќе имаат и апликациите од првиот Јавен Повик бр.24-4260/5 од 06.08.2018 година за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година,  а кои не се субвенционирани поради исцрпување на средствата предвидени со првиот Јавен повик.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

 

  1. Услови што треба да ги исполни барателот:

3.1. Барателот треба да ги исполни следните услови:

  • да е жител на општина Кавадарци;
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на енергетско ефикасни грејни тела од било кој извор во Република Македонија;
  • до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;
  • новато енергетско ефикасно тело да го купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик и истото да биде инсталирано на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
  • само едно домаќинство може да поднесе барање за добивање на надоместок.

3.2.  За барателите кои имаат нов станбен објект, не важат условите од алинеја 3 од под-точката 3.1

 

Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.

Read More

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАРКИНГ МЕСТА

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАРКИНГ МЕСТА

Општина Кавадарци ги информира граѓаните и возачите дека на 4 и 5 Октомври ќе работи на обележување на паркинг места на дел од градските улици.

Утре на ден 04. 10. 2018 година (четврток), општината има планирано активност обележување на паркинг местата за зонско паркирање на бул.  „Моша Пијад“ на делот од спојот со кружниот тек до спојот со булевар „Цветан Димов“ од двете страни.

Исто така на ден 05. 10. 2018 година (петок), ќе се врши обележување на паркинг местата на бул. „Никола Минчев“ од спојот со бул. „Вељко Влаховиќ“ до спојот со кружниот тек од двете страни.

Затоа Општината апелира до сопствениците на моторните возила во наведените денови истите да ги отстранат од коловозните ленти каде ќе се врши обележувањето.

Општината оваа кација ќе ја спроведе и со сообраќајната полиција која ќе изврши отстранување на паркираните возила од овие улици во наведените термини за навремено и ефикасно завршување на работите.

Обележувањето ќе се врши со почеток од 08. 30 часот.

 

Листа на баратели на кои им е одобрен надомест на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 по Јавен повик бр. 24-4260/5

Листа на баратели на кои им е одобрен надомест на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 по Јавен повик бр. 24-4260/5

Почитувани, согласно донесените предходни записници и заклучоци од Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање и записникот од терен на Комисијата за проверка на мерките за субвенционирање се усвои листа на баратели на кои им е одобрен надомест на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 и со тоа се исцрпува предвидениот буџет.

Барателите кои не беа посетени на терен од страна на Комисијата за проверка на мерките за субвенционирање, согласно новиот ПРАВИЛНИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ГРЕЈНИ ТЕЛА ЗА 2018 ГОДИНА усвоен на последната седница на Совет на општина Кавадарци ќе имаат право со истите барања да учествуваат во следниот повик за субвенционирање.

Барателите кои имаат приговор во врска со листата на баратели на кои им е одобрена субвенција, имаат право истиот да го поднесат во рок од 48 часа во Архива на Општина Кавадарци по објавата на оваа информација.

 

Со почит,

 

Листа на одобрени баратели

 

Известување до учесниците во сообраќајот

Известување до учесниците во сообраќајот

Општина Кавадарци – Локална самоуправа започнувајќи од денес 01.10.2018 година заклучно со 31.12.2018 година започна со изведување на градежни работи на Северен  Булевар на потегот од спојот со Булевар Никола Минчев до спојот со Западен Булевар, како и реконструкција и проширување на дел од Западен Булевар согласно Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај.

Согласно напред наведеното Ве известуваме дека од 01.10.2018 година до 31.12.2018 година улиците “Западен Булевар” и “Северен Булевар” ќе бидат затворени за сообраќај за тешки товарни возила, а тешките товарни возила се упатуваат да го користат  регионалниот пат Прилеп – Градско (преку Мотел Дреново).