Категорија: Огласи и соопштенија

Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 16-3708/1

Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 16-3708/1

Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци:

 

ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

 

Врз основа на член 124 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М. бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 16-3708/1 од ВИНАРСКА ВИЗБА – ТИКВЕШ АД Скопје,  ул. 29ти Ноември бр.5.

 

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2,  точка 6,  односно подточка 6.4. б) Обработка и преработка на храна од:

  • растителни суровини, со капацитет на производство на готови производи од 30 до 300 t/ден (просечна вредност на квартална основа).

Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 21 од 9,00 до 12,00 часот.

 

Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 16-3708/1
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2018 За унапредување на  административен службеник во Општина Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2018 За унапредување на административен службеник во Општина Кавадарци

Врз основа на  член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18),и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.09-2375/1 од 05.05.2016 година,  Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-5645/1 од 29.11.2016 година, бр.09-762/1 од 24.02.2017 година,   бр.04-5259/2 од 28.12.2017 година, бр.04-2391/1 од 25.04.2018 година, бр.04-4442/1 од 01.08.2018 година и Позитивно мислење на Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2018 година бр.12/6-3799/4 од 24.07.2018 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 01/2018 за унапредување на  административен службеник во Општина Кавадарци

 

 Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници   3 (три) извршители и тоа :

  1. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за општествени дејности, во Сектор за правни, општествени и општи работи  …………….1 извршител;
  2. УПР 01 01 В01 000 Советник за спроведување на урбанистички планови во Одделение за урбанизам, во Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина……………………..1 извршител;
  3. УПР 01 01 В01 000 Советник одговорен сметководител, во Одделение за сметководство и плаќање, во Сектор за финансиски прашања………..1 извршител.

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2018

 

ОБЈАВА бр.4/2018 За продажба на движни ствари  – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (Објава по втор пат)

ОБЈАВА бр.4/2018 За продажба на движни ствари – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (Објава по втор пат)

Врз основа на член 2 став 1 точка 4 алинеја 2, член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48 и член 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, бр.106/15, бр.153/15, бр.190/16 и бр.21/18),  Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18), и Извештај за извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства  бр.13-1404/2 од 05.04.2018 година изработен од ДТЛППУТ„Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ Кавадарци, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци објавува:

 ОБЈАВА бр.4/2018 За продажба на движни ствари  – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (Објава по втор пат)   

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на оваа објава со електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Општина Кавадарци, кои се продаваат согласно Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18).

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА, ПОЧЕТНАТА ЦЕНА НА ВОЗИЛАТА, БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, МИНИМАЛЕН ЧЕКОР, ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОК НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

 

Податоци за возилото Проценета почетна цена Банкарска гаранција Минимален чекор Час / почеток
1. Моторно возило марка AUDI A4

–         Регистарски број: VЕ-988-KN;

–         Прва регистрација: 31.10.2003 година;

–         Година на производство: 1995;

–         Вид на возило: PATNICKO;

–         Марка и Тип: AUDI A4;

–         Број на шасијата: WAUZZZ8DZTA108455;

–         Број на мотор: ADP080328;

–         Места за седење: 5

–         Сила и работна зафатнина на моторот: 74KW/ 1596cm3;

–         Боја: t.crvena 77.

 

86.339,00 денари 1.727,00 денари Без ограничување 10:00 часот
2. Моторно возило марка FIAT 323 LINEA

–         Регистарски број: KA-0638-AB;

–         Прва регистрација: 17.05.2012 година;

–         Година на производство: 2011;

–         Вид на возило: PATNICKO;

–         Марка и Тип: FIAT 323 LINEA;

–         Број на шасија: ZFA32300003124706;

–         Број на мотор: 3884212;

–         Mеста за седење: 5;

–         Сила и работна зафатнина на моторот: 66KW;

–     Боја: CRVENA MET

279.726,00 денари 5.595,00

денари

Без ограничување 10:30 часот

 

ОБЈАВА бр.4/2018 За продажба на движни ствари
ПОВИК И ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И ФИРМАРИНА ЗА 2018

ПОВИК И ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И ФИРМАРИНА ЗА 2018

Општина Кавадарци ги потсетува граѓаните, даночни обврзници дека во тек е рокот за плаќање на Данокот на имот и  на комуналната такса за истакната фирма.

Општина Кавадарци апелира до даночните обврзици, совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на Данокот на имот бидејќи тие пари се користат исклучиво за  граѓаните.

 Тоа се „НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА“.

 Плаќањето данок на имот е  должност на секој граѓанин но во исто време и придонес на поединецот во иднината на неговата општина. Платете го вашиот данок навреме, нашата Општина Кавадарци ќе ви биде благодарна.

Почитувани граѓани: Со вашите пари ќе добиете  поубави улици, подобро јавно осветлување, место за изградба на фабрики и отворање на нови работни места, поубави и посовремени училишта, гостување на познати уметници, музичари и групи, а пензионерите поубави простори за трошење на слободното време.

Решенијата за  данок на имот за 2018 година навремено се  доставени до граѓаните.

Општината ги потсетува граѓаните и фирмите, со цел навреме да ја подмират оваа нивна законска обврска.

Воедно изразува благодарност за разбирањето и поддршката.

Известување за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела

Известување за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела

Почитувани,

Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓани на Општина Кавадарци при купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 г. објавен денеска на веб страната на општината, ВЕ ИЗВЕСТУВА дека поради големиот интерес и поднесени поголем број на барања од предвидените во рамките на планираниот буџет за истата намена, ЈАВНИОТ ПОВИК ЗАВРШУВА.

За комплетноста и исправноста на документацијата на поднесените барања, Комисијата за имплементација на Јавниот повик, до крајот на тековната недела ќе објави список.
Со почит
Комисијата за имплементација на Јавниот повик